10.10.2018 - Водата од градскиот водовод е исправна за пиење



Тетовци слободно можат да ја пијат водата од градскиот водовод. Денес на третиот ден, повеќето граѓани се согласуваат дека веќе не се чувствува изменетиот вкус и мирис на водата од чешмите. Центарот за јавно здравје Тетово утврди дека мострите вода земени во понеделникот и по 48 часови опсервација не покажале присуство на штетни микроорганизми, со што истата е исправна за пиење.



Со оглед на тоа дека изменетиот вкус и мирис на водата се повторува и годинава во истиот месец, а веројатноста е дека може да се повтори во наредниот период, специјалитот по хигиена и здравствена екологија доктор Ратко Давидовски препорачува преземање на дополнителни мерки како употреба на активен јаглен или озонирање, за да се подобри непријатниот вкус и мирис.


Инаку од понеделник граѓаните почнаа да се жалат дека водата која им истекува од чешмите има непријатен вкус и мирис и истите беа загрижени за здравствените последици од нејзино козумирање. Во октомври лани, тетовци во три наврати го почуствуваа изменетиот мирис и вкус на водата за пиење, непосредно по пуштањето во употреба на новиот градски водовод.


Наташа Петровска

 
     


 
 
22.10.2018 - Славчо Марковски-Чаве по 30 години ја препушта позицијата тренер на кошаркарскиот клуб Тетекс

22.10.2018 - Над 20 % од вкупниот број контролирани возачи во полошко не ги почитувале сообраќајните правила и прописи

22.10.2018 - Промена на временските прилики, ќе биде студено и ветровито

22.10.2018 - Црна хроника во Гостивар

21.10.2018 - И во Тетово поместена возрасната граница за појава на рак на дојка

20.10.2018 - Меѓународен карате турнир "Тетово опен 2018"

20.10.2018 - Showroom за декоративни материјали во Дараком достапна за тетовци

20.10.2018 - Горат полошките ниви

20.10.2018 - Проект на СВР Тетово "Безбедни училишта - за меѓуетнички соживот и толеранција"

20.10.2018 - Полициски билтен

     
   
     

 
Архива на вести
 
година
     
  месец  
   
     
 
       
  Текстовите кои се објавени смеат да се пренесат на други медиуми само со договор или со наведување дека потекнуваат од оваа интернет страница.