11.10.2018 - 11 Октомври одбележан во Тетово

На свечен начин и со присуство на голем број делегации денес во Тетово беше одбележан 11 Октомври, Денот на народното востание на Македонија. Чествувањето започна со културно уметничка програма, по која беше интонирана македонската химна.

Одбележувањето продолжи со полагање на свежо цвеќе пред Споменикот на Револуцијата од страна на делегации на општина Тетово, општинската организација на Сојузот на борци Тетово, Армијата на Република Македонија- Гарнизон Тетово, Сојузот на борци од општина Штрпце, ОО на СДСМ Тетово, ОК на ВМРО ДПМНЕ Тетово, Нова социјалдемократска партија од Тетово, Сојуз на воени инвалиди, Резервните воени старешини, Здружение на пензионери, Здружение на Срби и Македонци, КУД Бранко Чајка, Македонско - хрватско друштво, Здружение на македонски херои 2001 и ученици од ОУ Андреа Савески Ќиќиш.

Македонија денес одбележува 77 години од почетокот на антифашистичката војна. 11 Октомври е продолжување на слободарските традиции на македонскиот слободољубив народ проникнати во Карпошовото, Разловечкото, во Кресненското и во Илинденското востание, но и во напорите за социјално и национално ослободување вложени во Балканските војни и во Првата светска војна.

Во чест на празникот Општинската организација на Сојузот на борици од Тетово денес положи свежо цвеќе на партизанските гробишта, а во текот на изминатата недела во соработка со историската секција при ОУ Андреја Савевски Ќиќиш ги исчистија и уредија партизанските гробишта во Тетово.

Од тетовскиот Сојуз на борци додаваат дека вакавата соработка со училиштата претставува пример како може да се гради и негува историјата на нашите борци и револуционери.

 
     


 
 
22.10.2018 - Славчо Марковски-Чаве по 30 години ја препушта позицијата тренер на кошаркарскиот клуб Тетекс

22.10.2018 - Над 20 % од вкупниот број контролирани возачи во полошко не ги почитувале сообраќајните правила и прописи

22.10.2018 - Промена на временските прилики, ќе биде студено и ветровито

22.10.2018 - Црна хроника во Гостивар

21.10.2018 - И во Тетово поместена возрасната граница за појава на рак на дојка

20.10.2018 - Меѓународен карате турнир "Тетово опен 2018"

20.10.2018 - Showroom за декоративни материјали во Дараком достапна за тетовци

20.10.2018 - Горат полошките ниви

20.10.2018 - Проект на СВР Тетово "Безбедни училишта - за меѓуетнички соживот и толеранција"

20.10.2018 - Полициски билтен

     
   
     

 
Архива на вести
 
година
     
  месец  
   
     
 
       
  Текстовите кои се објавени смеат да се пренесат на други медиуми само со договор или со наведување дека потекнуваат од оваа интернет страница.