11.10.2018 - 9 странски државјанки што работеле како пеачки и танчерки се приведени ноќеска во полиција


Ноќеска во периодот од 22.00 часот до 02.00 часот по полноќ полициски службеници од СВР Тетово извршиле акциска контрола во угостителски објект во село Горно Седларце, лоциран покрај автопатот Тетово – Гостивар, сопственост на 42 годишен тетовец, соопшти МВР. Притоа, во објектот биле затекнати 10 девојки,пет од Република Албанија и пет од Република Македонија, кои ги забавувале гостите. Странските државјанки биле приведени во Полициската станица Тетово за натамошна постапка.

Во периодот од 00.50 часот до 02.00 часот рано утрово полициски службеници од СВР Тетово извршиле акциска контрола во угостителски објект во Тетово, лоциран покрај регионалниот пат Тетово – Желино, сопственост на 42 годишен тетовец, соопшти МВР. Притоа, во објектот биле затекнати шест девојки(четири од Република Србија и две од Република Македонија) кои ги забавувале гостите. Странските државјанки биле приведени во Полициската станица Тетово за натамошна постапка.

Како што соопшти МВР, вчера во 13.40 часот на Граничен премин Аеродром Скопје како депортирано лице од Швајцарија пристигнал 36 годишен жител на тетовско Камењане. При проверка било констатирано дека лицето се наоѓа на листата со мерка апси за сторено кривично дело „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“. Во 16.50 часот лицето било предадено на полициски службеници од СВР Скопје за спроведување до Казнено-поправната установа - Затвор Тетово.

Наташа Петровска

 
     


 
 
22.10.2018 - Славчо Марковски-Чаве по 30 години ја препушта позицијата тренер на кошаркарскиот клуб Тетекс

22.10.2018 - Над 20 % од вкупниот број контролирани возачи во полошко не ги почитувале сообраќајните правила и прописи

22.10.2018 - Промена на временските прилики, ќе биде студено и ветровито

22.10.2018 - Црна хроника во Гостивар

21.10.2018 - И во Тетово поместена возрасната граница за појава на рак на дојка

20.10.2018 - Меѓународен карате турнир "Тетово опен 2018"

20.10.2018 - Showroom за декоративни материјали во Дараком достапна за тетовци

20.10.2018 - Горат полошките ниви

20.10.2018 - Проект на СВР Тетово "Безбедни училишта - за меѓуетнички соживот и толеранција"

20.10.2018 - Полициски билтен

     
   
     

 
Архива на вести
 
година
     
  месец  
   
     
 
       
  Текстовите кои се објавени смеат да се пренесат на други медиуми само со договор или со наведување дека потекнуваат од оваа интернет страница.