11.10.2018 - Официјално започна ловната сезона во Македонија,
Официјално започна ловната сезона во Македонија, Од ловечкото друштво Љуботен кое концесионира со еден од најголемите планински масиви на Шар Планина на потег од врвот Љуботен па се до Непроштенска река очекуваа успешна ловна сезона. Велат дека дивечот се повеќе го има на овој масив, пред се поради контролата од страна на ловачките друштва.
Ловџиите истакнаа и некои недостатоци кои треба да се остранат со цел да се воспостави поголема контрола на шумата, а со тоа и да се намали појавата на криволовството, кое за среќа во последно време бележи намалување.
Инаку ловната сеозона официјално започнува со лов на дивиот зајак.
|
|