12.10.2018 - 11 танчерки затекнати во угостителски објект во Тетово

Во акциска контрола во угостителски објект во Тетово затекнати 11 женски лица, кои работеле како танчерки. Полициските службеници на СВР Тетово акцијата ја спровеле ноќеска околу 1 часот во објкетот кој бил во сопственост на 41-годишник од тетовско Селце. 7 од лицата биле од Република Србија, 2 албански и исто толку македонски државјанки. Странските државјанки на возраст од 20 до 40 години, лишени се од слобода и предадени во Отсекот за прекуграничен криминал, странци и реадмисија за натамошна постапка.

Од тетовската полиција информираат и дека вчера бил приведен 29-годишен тетовец, осуден на затворска казна од 6 и пол години за сторено кривично дело разбојништво. По приведувањето и задржувањето во Полициската станица Тетово, реализирани со судска наредба, тој е предаден за издржување на затворската казна во КПУ Идризово во Скопје.

Во билтенот на СВР регистриран и пожар. Вчеравечер околу 23 часот и 25 минути, пријавен е пожар во стара куќа во тетовското село Копачиндол, сопственост на 68-годишник од ова село. Куќата целосно е опожарена и со интервенција на тетовските пожарникари, пожарот е локализиран. Нема повредени лица. Материјалната штета допрва ќе се утврдува.

 
     


 
 
30.11.2018 - Зимско одржување на патиштата

30.11.2018 - Светскиот тренд на предновогодишно фотографирање во професионално студио веќе неколку години го следат и тетовци

30.11.2018 - Светскиот тренд на предновогодишно фотографирање во професионално студио веќе неколку години го следат и тетовци

29.11.2018 - Етно вешта жена за Тетово за 2018 година

29.11.2018 - Три лица се повредени во сообраќајна незгода во тетовското село Синичане

28.11.2018 - Тетовци денес дишеа релативно чист воздух

28.11.2018 - Вработените во Општина Тетово во попладневните часови ги напуштија своите работни места.

28.11.2018 - 17-годишна девојка повредена, пак, повредена во сообраќајна незгода

27.11.2018 - Потсетување на гостиварските музичари Стеве Јаковлески и Боби Дојчинов

27.11.2018 - Каква титула би му дале на Тетово, потсетувајќи се назад низ годините?

     
   
     

 
Архива на вести
 
година
     
  месец  
   
     
 
       
  Текстовите кои се објавени смеат да се пренесат на други медиуми само со договор или со наведување дека потекнуваат од оваа интернет страница.