12.10.2018 - Наместо под покрив ученици од гостиварско училиште учат под најлон


Родителите од Основното училиште Гоце Делчев од Гостивар, бараат надлежните што поскоро да ги надминат недоразбирањата околу реализацијата на проектот за реновирање на училишната зграда, која е во катастрофална состојба. Општината и министерството вината за закочениот процес околу реализацијата на проектот, ја префрлаат едни на други.


Учлишната зграда на основното училиште Гоце Делчев во Гостивар, била едно од најубавите во градот, но поради нејзино неодржување сега е во рунирана состојба и е една од најлошите во државата, велат родителите на учениците.

Објектот е изграден во 1976 година, но оттагаш досега нема сериозни инвестиции. Училиштето скоро и да нема покрив, на некои места покривната конструкција е заменета со најлон, кој прокиснува и водата се собира во кофи.

За реконструкција на училиштето има изработено проект во вредност од 250 000 евра. Министерството за образование даде одредени забелешки и го врати проектот на доработка кај општината. Од Министерството велат дека ќе распишат тендер за изведувач на работите, откако ќе ја добијат корегираната верзија. Но, градоначалникот на Гостивар Арбен Таравари рече дека немал ингеренции да врши корекции затоа што Министерството за образование, му ги одзело надлежностите во областа на образованието.

Директорот на Основното Училиште Гоце Делчев Игор Радески, вели дека проектот не се реализира заради политички препукувања меѓу Министертсвото за образование и Општина Гостивар.

Поради политичките препукување на општинските и централните власти, воспитниот – образовниот процес во Гостивар се соочува со проблеми, скоро две години. Дел од училиштата се уште имаат блокирани жиро сметки, а немаат доволно средства за нормано одржување

 
     


 
 
30.11.2018 - Зимско одржување на патиштата

30.11.2018 - Светскиот тренд на предновогодишно фотографирање во професионално студио веќе неколку години го следат и тетовци

30.11.2018 - Светскиот тренд на предновогодишно фотографирање во професионално студио веќе неколку години го следат и тетовци

29.11.2018 - Етно вешта жена за Тетово за 2018 година

29.11.2018 - Три лица се повредени во сообраќајна незгода во тетовското село Синичане

28.11.2018 - Тетовци денес дишеа релативно чист воздух

28.11.2018 - Вработените во Општина Тетово во попладневните часови ги напуштија своите работни места.

28.11.2018 - 17-годишна девојка повредена, пак, повредена во сообраќајна незгода

27.11.2018 - Потсетување на гостиварските музичари Стеве Јаковлески и Боби Дојчинов

27.11.2018 - Каква титула би му дале на Тетово, потсетувајќи се назад низ годините?

     
   
     

 
Архива на вести
 
година
     
  месец  
   
     
 
       
  Текстовите кои се објавени смеат да се пренесат на други медиуми само со договор или со наведување дека потекнуваат од оваа интернет страница.