12.10.2018 - Десетгодишната Јована ја донираше својата коса за перика за деца болни од рак

Јована Симоска има 10 години, ученичка е во шестто два одделение во основното училиште Андреа Савески Ќиќиш. Неодамна, таа ја скрати косата, за да ја донира во холандска организација, од неа да изработат перика за деца болни од рак. Со ова, Јована одржа важна лекција за хуманост.

Јана пак, е сестра близначка на Јована. Вели дека за некој месец, и таа ќе го направи истото хумано дело, својата коса ќе ја донира онаму каде што е најпотребна, само чека да и порасне, за да ги исполни критериумите на организацијата.

Психолог на училиштето Андреа Савески Ќиќиш, Снежана Стојановска, вели дека гордост е премал збор за да опише како се чувствуваат сите во училиштето, што го делат со ученички како Јована и Јана. Смета, дека најважното од се, е што со овој гест упатуваат силна порака, која треба да стигне до секој од нас.

Јована и Јана не испратија од нивното училиште со ветување дека чувството на сатисфакција кога помагаат на други ќе го носат со себе постојано. А кога секој од нас би се однесувал вака, секој ден би се разминувале со насмеани лица.

Соња Стрезовски




 
     


 
 
22.10.2018 - Славчо Марковски-Чаве по 30 години ја препушта позицијата тренер на кошаркарскиот клуб Тетекс

22.10.2018 - Над 20 % од вкупниот број контролирани возачи во полошко не ги почитувале сообраќајните правила и прописи

22.10.2018 - Промена на временските прилики, ќе биде студено и ветровито

22.10.2018 - Црна хроника во Гостивар

21.10.2018 - И во Тетово поместена возрасната граница за појава на рак на дојка

20.10.2018 - Меѓународен карате турнир "Тетово опен 2018"

20.10.2018 - Showroom за декоративни материјали во Дараком достапна за тетовци

20.10.2018 - Горат полошките ниви

20.10.2018 - Проект на СВР Тетово "Безбедни училишта - за меѓуетнички соживот и толеранција"

20.10.2018 - Полициски билтен

     
   
     

 
Архива на вести
 
година
     
  месец  
   
     
 
       
  Текстовите кои се објавени смеат да се пренесат на други медиуми само со договор или со наведување дека потекнуваат од оваа интернет страница.