08.11.2018 - Архиепископот Стефан - Народот многу се оддалечи од верата

По повод празникот Свети Димитрија или кај народот познат како Митровден утринава во православниот храм во село Теарце посветен на великомаченикот Димитриј, беше отслужена света Боженствена архирејска литургија. Со службата чиноначалствуваше арихиепископот Охридски и Македонски Г.Г Стефан митрополитот на тетовско - гостиварската епархија Г.Јосиф, митрополитот брегалнички г.Иларион и игуменот на Бигорскиот манастир отец Партениј.

Митрополитите Г.Јосиф и Г.Иларион на чело со Архиепископот Охридски и Македонски ГГ Стефан, во дворот на црквата свети Димитрија во Теарце, беа пречекани од голем број верници, свештеници од тетовското архирејско намесништво игуменот на Бигорскиот манастир отец Партениј.

Свети Димитриј Солунски е христијански маченик за кој се смета дека живеел во Солун во почетокот на четврти век. Во средновековието станал еден од најславните воени светители, и често се поврзува со Св. Георгиј. Неговиот ден се празнува на 8 ноември (26 октомври по стариот календар), и уште е познат како Митровден.За животот и делото на великомеченикот свети Димитриј беседа одржа Архиепископот Охридски и Македонски ГГ Стефан.

Архиепископот Г.Г. Стефан упати апел верниците да се вратат во христијанската вера од која многу се оддалечиле. Теарце е пример за опстанокот на христовата вера дури и во најтешките времиња кога христијански пастир на овој регион бил преродбеникот Кирил Пејчиновиќ родум од Теарце.

Црковните великодостојници по завршувањето на службата остварија средба со градоначалникот на општина Теарце Исен Асани, кој присуствуваше на црковното одбележување на празникот Свети Димитриија во истоимената црква во Теарце.

 
     


 
 
12.11.2018 - Со цел да се избегне статусната разлика меѓу учениците, и основното училиште Андреа Савески Ќиќиш ги воведе училишните униформи

12.11.2018 - Саем на костени, вино и мед

12.11.2018 - Нападнат главен судија во тетовско, поради незадоволство од резултатот

12.11.2018 - Голомразица на патиштата кон Стража, Маврово и Попова Шапка

12.11.2018 - По повод Светскиот ден на борбата против дијабетесот, Здружението на дијабетичари Тетово организираше бесплатно мерење на шеќер во крвта

11.11.2018 - Пена полна со разни отпадоци

11.11.2018 - Тетово домаќин на 9-тиот Републички натпревар во табла

10.11.2018 - Црквата и општината сосема ги заборавија и кренаа раце од новите православни градски гробишта кај тетовско Фалише

10.11.2018 - Концерт насловен "Мојот пат" на маестро Ивица Зориќ

10.11.2018 - In memoriam- Илија Петровски

     
   
     

 
Архива на вести
 
година
     
  месец  
   
     
 
       
  Текстовите кои се објавени смеат да се пренесат на други медиуми само со договор или со наведување дека потекнуваат од оваа интернет страница.