09.11.2018 - Минатиот месец 65 сообраќајни несреќи се случиле на тетовското, а 26 на гостиварското подрачје

Во текот на минатиот месец, односно во октомври годинава, на поширокото тетовско подрачје вкупно регистрирани се 65 сообраќајни несреќи, додека во гостиварско се случиле 26 сообраќајки. За среќа во нив немало човечки жртви.

Во тетовските незгоди имало вкупно 8 тешко повредени, 57 лесно повредени лица, додека во 36 била причинета само материјална штета, додека гостиварските завршиле со 2 тешко повредени, 19 лесно повредени лица, додека во 10 незгоди била причинета само материјална штета.

Карактеристично за сообраќајките во Полог е тоа што најчесто се случувале на гратските улици, но и на регионалните патишта. Како и досега најчеста причина за нив неприлагодена брзина, поради што на тетовското подрачје имало 6 излетувања од коловоз, но сообраќајки се случувале и поради недавање првенство, неправилно вршење дејствие, недржење страна и така натаму. 6 незгоди биле предизвикани од животни, односно кучиња, пред се на тетовскиот дел од автопатот.

И бројот на откриени сообраќајни прекршоци минатиот месец во тетовско е двојно поголем од прекршоците направени во гостиварско. На тетовското подрачје вкупно контролирани биле 6 350 возачи, при што откриени се 2 191 прекршок. На поширокото гостиварско подрачје во истиот период контролирани се 2 114 возила, при што биле откриени 946 различни видови прекршоци.


 
     


 
 
30.11.2018 - Зимско одржување на патиштата

30.11.2018 - Светскиот тренд на предновогодишно фотографирање во професионално студио веќе неколку години го следат и тетовци

30.11.2018 - Светскиот тренд на предновогодишно фотографирање во професионално студио веќе неколку години го следат и тетовци

29.11.2018 - Етно вешта жена за Тетово за 2018 година

29.11.2018 - Три лица се повредени во сообраќајна незгода во тетовското село Синичане

28.11.2018 - Тетовци денес дишеа релативно чист воздух

28.11.2018 - Вработените во Општина Тетово во попладневните часови ги напуштија своите работни места.

28.11.2018 - 17-годишна девојка повредена, пак, повредена во сообраќајна незгода

27.11.2018 - Потсетување на гостиварските музичари Стеве Јаковлески и Боби Дојчинов

27.11.2018 - Каква титула би му дале на Тетово, потсетувајќи се назад низ годините?

     
   
     

 
Архива на вести
 
година
     
  месец  
   
     
 
       
  Текстовите кои се објавени смеат да се пренесат на други медиуми само со договор или со наведување дека потекнуваат од оваа интернет страница.