09.11.2018 - Гостиварка паднала од балкон додека се обидувала да поправи ролетна

Во полицијата вчера околу 16 часот и 30 минути пријавено е дека 50-годишната гостиварка паднала од дрвено столче од балконската тераса додека се обидувала да ја поправи ролетната на прозорецот. Од паѓањето на мермерните плочки под балонот, кој немал ограда, задобила повреди на главата и со медицинско возило пренесена е во гостиварската болница. По укажаната помош У итно префрлена е и задржана на скопските клиники. Извршен е увид и се расчистува случајот.

Полицајци, вчера при претрес во домот на 26-годишен тетовец, реализиран со судска наредба, пронашле модифициран гасен пиштол „Екол-волга“, калибар 9 милиметри со празна рамка и 161 куршум калибар магнум 44. Пронајденото е фотодокументирано и одземено за вештачење, а лицето лишено е од слобода и по целосното расчистување на случајот, против него ќе следува соодветен поднесок.

Од СВР Тетово инфомираат и за нелегална сеча на дрва. Вчера околу 16 часот, во атарот на тетовското село Челопек, во месноста „Краста“, затекнати се 20-годишник и 17-годишник од селото Стримница, кои со моторна пила сечеле дрва, а непоседувале никаква документација за тоа. Дваесетгодишникот е приведен, одземена му е пилата и дрвата и предадени и се на Шумска полиција за натамошна постапка.


 
     


 
 
12.11.2018 - Со цел да се избегне статусната разлика меѓу учениците, и основното училиште Андреа Савески Ќиќиш ги воведе училишните униформи

12.11.2018 - Саем на костени, вино и мед

12.11.2018 - Нападнат главен судија во тетовско, поради незадоволство од резултатот

12.11.2018 - Голомразица на патиштата кон Стража, Маврово и Попова Шапка

12.11.2018 - По повод Светскиот ден на борбата против дијабетесот, Здружението на дијабетичари Тетово организираше бесплатно мерење на шеќер во крвта

11.11.2018 - Пена полна со разни отпадоци

11.11.2018 - Тетово домаќин на 9-тиот Републички натпревар во табла

10.11.2018 - Црквата и општината сосема ги заборавија и кренаа раце од новите православни градски гробишта кај тетовско Фалише

10.11.2018 - Концерт насловен "Мојот пат" на маестро Ивица Зориќ

10.11.2018 - In memoriam- Илија Петровски

     
   
     

 
Архива на вести
 
година
     
  месец  
   
     
 
       
  Текстовите кои се објавени смеат да се пренесат на други медиуми само со договор или со наведување дека потекнуваат од оваа интернет страница.