09.11.2018 - 12 илјади денари месечно за храна




Од 8 илјади па до 18 илјади денари трошат месечно граѓаните за дневните оброци, или тоа е секогаш повеќе од половина од семејниот буџет. Понатаму како што ни изјавија тетовци, сметките се втората ставка на која се трошат парите во домаќинството. Во зависнот од периодот во годината, сумата која се издвојува е од 3.500 денари па до 9 илјади. За дел од граѓаните постојан предизвик е семејниот буџет рационално да се распореди за да стаса до следната плата. Но, како што некои од нив тврдат, со добар план и математика може да се постигне.


Според статистичките податоци едно четиричлено семејство просечно во текот на еден месец троши една минималната плата само за исхрана. Имено како што објави Институтот за економски истражувања и политики Финанце Тхинк, 12.557 денари едно просечно македонско семејство троши на храна и пијалоци, 5.062 денари на сметки, 3.067 денари за домување, 1.538 денари на транспорт и речиси исто толку пари троши за облека и обувки во текот на еден месец. Минималната плата кон крајот на 2017 година изнесуваше 12 илјади денари, а потрошувачката за просечно 4 члено семејство изнесува 27.764 денари, Оттука како што заклучуваат од Институтот за економски истражувања и политики Финанце Тхинк семејство со еден вработен со минимална плата треба да најде уште дополнителни 15.764 денари месечно за да живее еден просечен достоинствен живот.




Наташа Петровска

 
     


 
 
30.11.2018 - Зимско одржување на патиштата

30.11.2018 - Светскиот тренд на предновогодишно фотографирање во професионално студио веќе неколку години го следат и тетовци

30.11.2018 - Светскиот тренд на предновогодишно фотографирање во професионално студио веќе неколку години го следат и тетовци

29.11.2018 - Етно вешта жена за Тетово за 2018 година

29.11.2018 - Три лица се повредени во сообраќајна незгода во тетовското село Синичане

28.11.2018 - Тетовци денес дишеа релативно чист воздух

28.11.2018 - Вработените во Општина Тетово во попладневните часови ги напуштија своите работни места.

28.11.2018 - 17-годишна девојка повредена, пак, повредена во сообраќајна незгода

27.11.2018 - Потсетување на гостиварските музичари Стеве Јаковлески и Боби Дојчинов

27.11.2018 - Каква титула би му дале на Тетово, потсетувајќи се назад низ годините?

     
   
     

 
Архива на вести
 
година
     
  месец  
   
     
 
       
  Текстовите кои се објавени смеат да се пренесат на други медиуми само со договор или со наведување дека потекнуваат од оваа интернет страница.