09.11.2018 - Од среда до денес во Скопје се одржа седмиот по ред Самит Македонија 2025

„Целта на Самитот е да се стимулира соработка, размена на знаења и лидерски развој. Годинава го потврдивме учеството на повеќе од 60 врвни говорници од преку 20 земји, кои во рамки на над 15 интерактивни сесии, ќе дискутираат на теми релевантни за глобалната економија, но и за регионот. Ќе укажеме на најголемите економски предизвици на светско ниво, како што се трговските војни, масовните миграции, недостатокот на квалификувана работна сила и нивното влијание врз „малите“ економии.“ – соопштија организаторите

Првиот ден од самитот беше составен од панел-дискусии посветени на образование, лидерство и успешни македонски стратапи во светот. Вчера, четврток на вториот ден од самитот, беше поздравното обраќање на годинешниот клучен говорник и претставување на политиките зад економскиот успех на тековната администрација на САД, Ентони Б. Ким, Менаџер за истражување, Уредник на индексот за економска слобода во фондацијата Херитиџ, САД.

Производството на канабис за медицински цели беше една од темите на Самитот, на вториот ден имајќи го предвид зголемениот интерес за инвестирање во оваа област, соопштија организаторите. На денешниот трет последен ден врвни експерти збруваа на теми поврзани со дигитална трансформација, примена на новите технологии во медицината, претприемништво, одговорно лидерство и други.
Во изјава, Кристијан Руп - Портпарол на платформата „дигитална Австрија“ и Координатор на иницијативата „СМЕ ДИГИТАЛ” во Стопанската Федерална комора на Австрија, истакна дека дигитализацијата мора да биде засебен стратегиски план во зависност од државата, гранка на индустријата, вештините на вработените и определбите на клиентите.

„Дигитализацијата го менува целосниот синџир на вредности, но мораме да сфатиме дека дигиталната трансформација е можност, а не опасност! – додава тој.
Една од клучните теми беше и осврт кон најдобрите светски практики во иновативни и технолошки центри.

Вчеравечер се одржала и Добротворна гала вечера, со која се одбележаа 10 години од формирањето на организацијата Македонија2025. Наградата за филантропија „Џон Битов Постариот“ беше доделена на Мајк Зафировски за неговиот исклучителен придонес во филантропијата и волонтеризмот, додека плакети на благодарност беа врачени на луѓето и компаниите кои возвратиле на Македонија и ја поддржиле организацијата во изминтатите 10 години.

Собраните средства беа пренаменети кон новоформираниот Фонд за талентирани студенти. Беше потпишан и Договор за соработка помеѓу Македонија2025 и фондацијата „Ане и Владе Дивац“ од Србија, со што двете организации заеднички ќе соработуваат на многу проекти од заеднички интерес.



 
     


 
 
30.11.2018 - Зимско одржување на патиштата

30.11.2018 - Светскиот тренд на предновогодишно фотографирање во професионално студио веќе неколку години го следат и тетовци

30.11.2018 - Светскиот тренд на предновогодишно фотографирање во професионално студио веќе неколку години го следат и тетовци

29.11.2018 - Етно вешта жена за Тетово за 2018 година

29.11.2018 - Три лица се повредени во сообраќајна незгода во тетовското село Синичане

28.11.2018 - Тетовци денес дишеа релативно чист воздух

28.11.2018 - Вработените во Општина Тетово во попладневните часови ги напуштија своите работни места.

28.11.2018 - 17-годишна девојка повредена, пак, повредена во сообраќајна незгода

27.11.2018 - Потсетување на гостиварските музичари Стеве Јаковлески и Боби Дојчинов

27.11.2018 - Каква титула би му дале на Тетово, потсетувајќи се назад низ годините?

     
   
     

 
Архива на вести
 
година
     
  месец  
   
     
 
       
  Текстовите кои се објавени смеат да се пренесат на други медиуми само со договор или со наведување дека потекнуваат од оваа интернет страница.