07.01.2008 - Жителите на Волковија денес имаа причина за двојно слајве

Првиот ден од празникот Божиќ, жителите на тетовско Волковија го искористија за еден убав чин, осветување на новоизградениот базен во дворот на црквата "Свети Мина".

Чинот на осветувањето го изврши отец Ненад Ѓорѓевски, кој претходно ги благослови и лебот, пченицата и виното принесени од ктиторот Војко Спасеновски.

Секое вложување и помагање во македонската правсолавна црква е пример и за останатите верници, истакна отец Ѓорѓевски, кој празничниот ден го искористи до присутните верници да упати божиќни пораки.

Изградбата на црковниот базен семјството Спасеновски го завршиле во 2007, остега крстот на водици наместо во селките чешми ќе се фрла во новозиградениот базен.

Новиот базен е од големо значење за Волковија, потенцираат од месната заедница и црковниот одбор.Празничниот ден и свечениот чин беа причина повеќе во Волковија да пристигнат и оние кои се отселиле и со своите најблиски да ги споделат убавите моменти.

Новиот базен е во состав на црквата Свети Мина во Волковија е изградена во 1936 година. А освен овој храм во Волковија се наоѓаат и црквите "Свети Георгиј Победоносец" и "Свети Атанасиј". На крајот од чествувањето, беше благословена, а потоа и разделена меѓу присутните, братско сестринска - божиќна трпеза на љубовта.

Лилјана Михајловска


 
     


 
 
30.11.2018 - Зимско одржување на патиштата

30.11.2018 - Светскиот тренд на предновогодишно фотографирање во професионално студио веќе неколку години го следат и тетовци

30.11.2018 - Светскиот тренд на предновогодишно фотографирање во професионално студио веќе неколку години го следат и тетовци

29.11.2018 - Етно вешта жена за Тетово за 2018 година

29.11.2018 - Три лица се повредени во сообраќајна незгода во тетовското село Синичане

28.11.2018 - Тетовци денес дишеа релативно чист воздух

28.11.2018 - Вработените во Општина Тетово во попладневните часови ги напуштија своите работни места.

28.11.2018 - 17-годишна девојка повредена, пак, повредена во сообраќајна незгода

27.11.2018 - Потсетување на гостиварските музичари Стеве Јаковлески и Боби Дојчинов

27.11.2018 - Каква титула би му дале на Тетово, потсетувајќи се назад низ годините?

     
   
     

 
Архива на вести
 
година
     
  месец  
   
     
 
       
  Текстовите кои се објавени смеат да се пренесат на други медиуми само со договор или со наведување дека потекнуваат од оваа интернет страница.