19.01.2008 - Со фрлањето на осветениот крст во водите на реката Вардар и во Теново традиционално одбележан празникот

Дека ова е посебен ден за верниците од Теново, но за верниците од соседните села, доказ беа големиот број верници кои уште утрината го исполнија дворот на селската црква "Св.Никола". Богојавление во Теново се празнува од памтивек, а верниците не ги заборавиле верата и обичаите ниту во кризните моменти.

Чествувањето на Богојавление во Теново започнува од празникот Водокрст кога кумот во својот дом го врзува крстот со црвена врвца и го носи кај локалниот свештеник на осветување.

Обичаите продолжуваат и на самиот празник Водици во селската црква кога верниците пречекани со пригодни богојавленски песни го бакнуваат и го даруваат осветениот крст.

Дел од обичаите е и лицитирањето или дарувањето на јаболката кои се собрани во текот на претходниот ден како одврзувањето на крстот.

Поворката од верници предводени од кумот, а придружувани од музика го понесе крстот до реката Вардар каде подготвени за фрлање во студените води чекаа Даниел Јовановски, Синиша Ѓорѓевски и Александар Ристовски.

Најсреќен меѓу момчиња беше Даниел Јовановски кој најбрзо стигна до крстот. Јовановски кој според верувањето годинава најмногу ќе го следи среќата, радоста и благосостојбата беше даруван со телевизор.

Одбележувањето на Богојавление во Теново продолжи со традиционалната прослава и со делење на топла ракија.На песната и орото им немаше крај,а веселбата беше заокружена во домот на кумот.

Јошко Мисоски


 
     


 
 
30.11.2018 - Зимско одржување на патиштата

30.11.2018 - Светскиот тренд на предновогодишно фотографирање во професионално студио веќе неколку години го следат и тетовци

30.11.2018 - Светскиот тренд на предновогодишно фотографирање во професионално студио веќе неколку години го следат и тетовци

29.11.2018 - Етно вешта жена за Тетово за 2018 година

29.11.2018 - Три лица се повредени во сообраќајна незгода во тетовското село Синичане

28.11.2018 - Тетовци денес дишеа релативно чист воздух

28.11.2018 - Вработените во Општина Тетово во попладневните часови ги напуштија своите работни места.

28.11.2018 - 17-годишна девојка повредена, пак, повредена во сообраќајна незгода

27.11.2018 - Потсетување на гостиварските музичари Стеве Јаковлески и Боби Дојчинов

27.11.2018 - Каква титула би му дале на Тетово, потсетувајќи се назад низ годините?

     
   
     

 
Архива на вести
 
година
     
  месец  
   
     
 
       
  Текстовите кои се објавени смеат да се пренесат на други медиуми само со договор или со наведување дека потекнуваат од оваа интернет страница.