20.01.2008 - Свети Јован Крстител празнуван во Доброште

Празникот Собор на Свети Јован Крстител кој го чествуваме денеска е посебен ден за православните верници од тетовско Доброште. На денешен датум тие го чествуваат патрониот празник на една од црквите во селото која го носи името Свети Јован Крстител.

Празнувањето започнува уште во раните утрински часови, кога верниците во голем број присуствуваат на утринската литургија отслужена од отец Перица Бојковски.

Се палат свеќи, се принесуваат дарови, се поклонува пред иконата на Свети Јован, се со цел измолување на здравје, среќа и духовно спасение. По богослужбата се извршува и чинот на водосвет, по што осветената вода верниците ја носат во своите домови за здравје.

Во дворот на црквата во Доброште беа благословени, а потоа и прережани колачите принесени од тројцата годинешни кумови. Според традицијата кумскиот колач содржи паричка кој треба да го одреди кумот за в година. Среќата в година да кумуваат за празникот им припадна на Стојче Михајловски, Живе Јовановски и Десанка Серафимовска.

За нив кумството е посебна чест и среќа. Голем беше бројот на верниците кои денес за ова пригода дојдоа во Доброште. Празникот на едно место ги собра мештаните но, отселените, но и гостите од Тетово и други населни места. Познавачите на приликите велат дека доброштани ја почитуваат традицијата.

Младите да не ја забораваат и да ја продолжат традицијата за одбележување на празниците, е желбата на повозрасните доброштани. Одбележувањето на празникот во Доброште продолжи со братско сестринска трпеза на љубовта, приредена од кумовите, црковниот одбор и месното население, а во дворот сеуште гореше огнот кој според традицијата доброштани го палат ноќта во пресрет на празникот.

Лилјана Михајловска



 
     


 
 
30.11.2018 - Зимско одржување на патиштата

30.11.2018 - Светскиот тренд на предновогодишно фотографирање во професионално студио веќе неколку години го следат и тетовци

30.11.2018 - Светскиот тренд на предновогодишно фотографирање во професионално студио веќе неколку години го следат и тетовци

29.11.2018 - Етно вешта жена за Тетово за 2018 година

29.11.2018 - Три лица се повредени во сообраќајна незгода во тетовското село Синичане

28.11.2018 - Тетовци денес дишеа релативно чист воздух

28.11.2018 - Вработените во Општина Тетово во попладневните часови ги напуштија своите работни места.

28.11.2018 - 17-годишна девојка повредена, пак, повредена во сообраќајна незгода

27.11.2018 - Потсетување на гостиварските музичари Стеве Јаковлески и Боби Дојчинов

27.11.2018 - Каква титула би му дале на Тетово, потсетувајќи се назад низ годините?

     
   
     

 
Архива на вести
 
година
     
  месец  
   
     
 
       
  Текстовите кои се објавени смеат да се пренесат на други медиуми само со договор или со наведување дека потекнуваат од оваа интернет страница.