31.01.2008 - Тетовецот Нехат Беќири наскоро со изложби во странство

Сликарството на Нехат Беќири е индивидуално организирано, но не е само внатрешно доживување, како се чини на прв поглед, и не е индиферентно во однос на стварноста. Во основа тоа е мошне чувствително и топло сликарство допрено до реалните проблеми, но не како јасен, туку како прикриен одраз наталожен на белото платно. Вака ликовниот критичар Лилјана Неделковска го оценува ликовниот израз на академскиот сликар од Тетово. Беќири е предводник на новата генерација ликовни уметници од градот чии творештва ја пленат публиката и надвор од државните рамки. За две недели Беќири ќе ја презентира автентичната изложба со активна инсталација, а месецов што претстои го очекуваат изложбите во Приштина и Њујорк.

Апстракцијата е стожерна врска на речиси сите негови слики во кои експресионизмот се изразува како спокоен немир, како бесконечна слобода, како излезни патишта на духот, кој се претвора во импресивен свет на боите. Веќе докажаниот академски сликар Невзат Бејтули-Кица не се срами да признае дека делата на Нехат понекогаш делуваат инспиративно и во неговото лично творештво.

Освен со сликарство, Беќири се занимава и со вајарство, дизајн, илустрации и графики. Досега имал неколку самостојни изложби во земјата, како и во Приштина, Сува Река, Раховец, а заедно со неговиот колега Невзат Бејтули-Кица 2005-та година се претставија во меѓународниот град на уметностите-Париз. Учествувал и на голем број групни изложби во Франција. Бугарија и на Косово, како и на македонско-американската уметничка релација- Обединувачки подарок, што се реализираше во Скопје, Тетово и Охрид. Добитник е на повеќе награди и признанија.

Марина Блажевска


 
     


 
 
12.11.2018 - Со цел да се избегне статусната разлика меѓу учениците, и основното училиште Андреа Савески Ќиќиш ги воведе училишните униформи

12.11.2018 - Саем на костени, вино и мед

12.11.2018 - Нападнат главен судија во тетовско, поради незадоволство од резултатот

12.11.2018 - Голомразица на патиштата кон Стража, Маврово и Попова Шапка

12.11.2018 - По повод Светскиот ден на борбата против дијабетесот, Здружението на дијабетичари Тетово организираше бесплатно мерење на шеќер во крвта

11.11.2018 - Пена полна со разни отпадоци

11.11.2018 - Тетово домаќин на 9-тиот Републички натпревар во табла

10.11.2018 - Црквата и општината сосема ги заборавија и кренаа раце од новите православни градски гробишта кај тетовско Фалише

10.11.2018 - Концерт насловен "Мојот пат" на маестро Ивица Зориќ

10.11.2018 - In memoriam- Илија Петровски

     
   
     

 
Архива на вести
 
година
     
  месец  
   
     
 
       
  Текстовите кои се објавени смеат да се пренесат на други медиуми само со договор или со наведување дека потекнуваат од оваа интернет страница.