31.03.2008 - Училиштето во Челопек со двајца директори

Разрешениот директор во училиштето во Челопек, Ајдин Абдулаи тврди дека совесно ја извршувал функцијата, донел стотина илјади евра за реновирање на училиштето и нема намера да ја одстапи канцеларијата. Абдулаи вeли дека e револтиран од потегот на ресорното министерство и дека за своето речиси двегодишно директорување сторил многу за школото.

Реконструкцијата на покривната конструкција која при секој пороен дожд ги поплавувала училишните простории чинел над 50.000 евра, напомена за менувањето на прозорците, проект што чинел повеќе од 40.000 илјади се до бојадисувањето на училишните ходници кои 20-тина години не биле фарбани. И неправилностите констатирани од државните просветни инспектори кои од септември 2006-та година 10-тина пати биле во инспекциски контроли во училиштето се неосновани. За сите нотирани забелешки од инспекцискиот надзор Абдулаи тврди дека има објаснување.

Во исто време новиот директор Неџбедин Синани чекаше да стапне на функцијата и на мирен начин да се случи примопредавањето на должноста.

За градоначалникот на општина Брвеница, Џелил Рамадани се додека се води жалба во Вторстепената комисијата за образование, министерството не може да разрешува и назначува директори. На итната седница Советот донесе одлука - што и да се случи во училиштето Советот нема да сноси одговорност, изјави градоначалникот Џелал Рамадани.

Ана Костовска








 
     


 
 
30.11.2018 - Зимско одржување на патиштата

30.11.2018 - Светскиот тренд на предновогодишно фотографирање во професионално студио веќе неколку години го следат и тетовци

30.11.2018 - Светскиот тренд на предновогодишно фотографирање во професионално студио веќе неколку години го следат и тетовци

29.11.2018 - Етно вешта жена за Тетово за 2018 година

29.11.2018 - Три лица се повредени во сообраќајна незгода во тетовското село Синичане

28.11.2018 - Тетовци денес дишеа релативно чист воздух

28.11.2018 - Вработените во Општина Тетово во попладневните часови ги напуштија своите работни места.

28.11.2018 - 17-годишна девојка повредена, пак, повредена во сообраќајна незгода

27.11.2018 - Потсетување на гостиварските музичари Стеве Јаковлески и Боби Дојчинов

27.11.2018 - Каква титула би му дале на Тетово, потсетувајќи се назад низ годините?

     
   
     

 
Архива на вести
 
година
     
  месец  
   
     
 
       
  Текстовите кои се објавени смеат да се пренесат на други медиуми само со договор или со наведување дека потекнуваат од оваа интернет страница.