04.04.2008 - Бојкот на наставата во училиштето во Челопек
Околу 500 ученици од првата смена од основното училиште 7 март од Челопек, денес не следеа настава, бидејќи повеќето наставници одбиваат да работат под раководство на новиот директор. Училишниот одбор го дели ставот со наставничкиот колегиум.
Според новоназначениот директор кој вчера, спроведувајќи ја одлуката на министерот за образование, успеа да влезе во
директорската канцеларија, смета дека наставниците се заложници на претходниот директор, Ајдин Абдулаи . Претходниот директор Ајдин Абдулаи ги отфрла ваквите обвинувања.
Градоначалникот на Општина Брвеница Џелал Рамадани ни изјави дека локалната самоуправа ќе се погрижи да се реши новонастаната ситуација. Рамадани за побрзо решавање на проблемот во кој најмногу страдаат децата, ќе бара прием кај министерот за образование.
Министерот за образование Сулејман Рушити, во средата го потсети градоначалникот Рамадани добро да го разгледа законот и да ги почитува одлуките што произлегуваат од него.
Градоначалникот на општина Брвеница, Џелал Рамадани и претходниот директор на училиштето, денес ни тврдеа дека министерот Рушити се уште не ги знае деталите за целиот случај.
Директорот на основното училиште 7 март Неџбедин Синани ни изјави дека иако децата се најмалку виновни за оваа ситуција, целиот товар паѓа врз нив. Единствена опција според него е да побара помош од повисоките институции на власта.
Зоран Димовски
|
|