06.04.2008 - Празникот Света Недела прославен во Теново

Традицијата на прослава на празникот со голем црковно народен собир во манастирската црква лоцирана над селото, продолжи и годинава и беше најмасовно досега.

Четвртата недела од великиот пост е посветена на Света Недела, а традиционално со голем црковно народен собер се прославува во село Теново. И времето им послужи на големиот број верници од тетовско, кои уште од утрово се упатија по стрмниот пат кој води манастирската црква лоцирана над селото.

Одбележувањето на денешниот ден во ова подсувогорско село е традиија долга повеќе од 88 години, од самото основање на манастирската црква.

Повозарсните верници паметат дека овој ден во Теново се чествувал масовно години наназад. Денес можеби некои од обичаите се измениле, но она што останало е можоста на овој ден да се видат роднините и пријателите. Месноста околу црквата нуди и несекојдневна можност да се помине еден ден во природа.

Во Теново денес се збираат сите, а пред се младите. Некои со друштва, скара и добра музика, а други пак радувајќи му се на богатиот панагур. Чествувањето на празникот започна во селската црква во Теново каде Света Василиева литургија отслужи парохискиот свештеник, отец Ненад Ѓорѓевски, кој потоа во црковниот двор на храмот Света Недела го изврши и чинот на осветување на водата и ги благослови принесените колачи од верниците. Денешниот празник верниците го искористија да запалат свеќи и да се помолат за здравје на заштитничката на домовите на мештаните од Тенови, Света Недела.

Наташа Петковска


 
     


 
 
30.11.2018 - Зимско одржување на патиштата

30.11.2018 - Светскиот тренд на предновогодишно фотографирање во професионално студио веќе неколку години го следат и тетовци

30.11.2018 - Светскиот тренд на предновогодишно фотографирање во професионално студио веќе неколку години го следат и тетовци

29.11.2018 - Етно вешта жена за Тетово за 2018 година

29.11.2018 - Три лица се повредени во сообраќајна незгода во тетовското село Синичане

28.11.2018 - Тетовци денес дишеа релативно чист воздух

28.11.2018 - Вработените во Општина Тетово во попладневните часови ги напуштија своите работни места.

28.11.2018 - 17-годишна девојка повредена, пак, повредена во сообраќајна незгода

27.11.2018 - Потсетување на гостиварските музичари Стеве Јаковлески и Боби Дојчинов

27.11.2018 - Каква титула би му дале на Тетово, потсетувајќи се назад низ годините?

     
   
     

 
Архива на вести
 
година
     
  месец  
   
     
 
       
  Текстовите кои се објавени смеат да се пренесат на други медиуми само со договор или со наведување дека потекнуваат од оваа интернет страница.