07.04.2008 - Tрадиционално одбележaн Благоец во Јелошник

Планинското село Јелошник денес полно со луѓето кои потекнуваат од ова место но и со гости. Се празнуваше Свето Благовештение- Благоец.

Празнувањето започнува рано претпладне кога мештаните и гостите како и сите присутни верници одат на богослужба и осветување на вода во црквата Света Богородица. Сите заедно потоа тргнуваат од пред селската црква и се упатуваат кон месноста Благовештение каде впрочем се одржува главниот народен обичај на прославување на овој празник.

Групата верници пеш тргнува кон месноста која е оддалечена на еден час одење. Од 900 метри надморска височина каде што се наоѓа Јелошник се искачува на 1200 метри.

Во месноста постои и манастирска црква каде верниците палеа свеќи за здравје, а парохискиот свештеник Перица Бојковски го благослови посното јадење кое црковниот одбор го принесува за посетителите. Се послужува леб, сол, кромид и вино, што ја претставува традицијата и посебниот начин на празнување.

Традицијата за Благоец привлекува голем број на луѓе не само од Јелошник, туку и луѓе од други краишта. Убавато, сончево време и пролетна атмосфера придонесе за уште пријатен помин.

Традицоналниот начин на прославување продолжува и по враќањето од месноста Благовешетение. На три места од месноста до селото групата застанува, а парохискиот свештеник ги благославува присутните.

На крај, сите што го поминале патот три пати ја обиколуваат црквата Света Богородица во Јелошник. Исто така дел од традицијата е луѓето кои имаат куќи во Јелошник да приготват богата и посна трпеза за своите гости кои ги гоштеваат со празничен ручек.

Александар Самарџиев
Зоран Димовски





 
     


 
 
30.11.2018 - Зимско одржување на патиштата

30.11.2018 - Светскиот тренд на предновогодишно фотографирање во професионално студио веќе неколку години го следат и тетовци

30.11.2018 - Светскиот тренд на предновогодишно фотографирање во професионално студио веќе неколку години го следат и тетовци

29.11.2018 - Етно вешта жена за Тетово за 2018 година

29.11.2018 - Три лица се повредени во сообраќајна незгода во тетовското село Синичане

28.11.2018 - Тетовци денес дишеа релативно чист воздух

28.11.2018 - Вработените во Општина Тетово во попладневните часови ги напуштија своите работни места.

28.11.2018 - 17-годишна девојка повредена, пак, повредена во сообраќајна незгода

27.11.2018 - Потсетување на гостиварските музичари Стеве Јаковлески и Боби Дојчинов

27.11.2018 - Каква титула би му дале на Тетово, потсетувајќи се назад низ годините?

     
   
     

 
Архива на вести
 
година
     
  месец  
   
     
 
       
  Текстовите кои се објавени смеат да се пренесат на други медиуми само со договор или со наведување дека потекнуваат од оваа интернет страница.