|
 |
|
|
 |
|
|
|
30.07.2008 - Голема свеченост по повод празникот Огнена Марија беше одржана во Зубовце
Православниот христијански празник Огнена Марија како селска слава се одбележува и во населеното гостиварско место Зубовце. Црквата во Зубовце уште од рано почна да се полни со верници од местото, од градот Гостивар и регионот како и голем број гости.
Меѓу гостите беа брат Љубе, Горан Митевски, инаку блиски луѓе до Мане Јаковлески кој беше еден од луѓето кои ја организираа денешнаат свеченост. Меѓу почесните гости беа Томе Серафимвски, Тодор Петров и други.
Во чест на празникот и патронот на црквата Света Марена во Зубовце, беше одржана Света божествена литургија со која чиноначалствуваше митрополитот Кирил во сослужение на свештено служители од гостиварската епархија. Митрополитот потсети на јубилеите на македонската православна црква, нејзините корени и традиции низ кои опстојувал македонскиот народ.
Изразувајќи благодарност до Бога што правдата во Хаг победи во случајот со Љубе Бошковски митрополитот Кирил се помоли за слобода за Јохан Тарчуловски. А доаѓањето на Љубе Бошковски уште еднаш потврди колку македонскито народ беше со него за време на заточението.
Православниот празник Света Марена, односно Огнена Марија и патронен празник во Зубовце беше заокружена со заедничка братско-сестринска патронска трпеза на љубовта, а продолжи и заврши со општонародна веселба.
|
|
|
|
|
|
|
|
|