01.08.2008 - Тенисерите во Тетово без елементарни услови

Пред повеќе од половина век белиот спорт влегува на мала врата во Тетово. Почетните тренинзи се врзуваат за првите игралишта крај денешниот стар градски стадион, потоа се изградија асфалтните терени на спортскиот центар, а по нив и трите земјени терени на кои и денес се практикува и развива тенискиот спорт во градот.

Но за волја на вистината овој центар е далеку од моделот на современ тениски објект. Тенисерите на Љуботен кои секојдневно тренираат на овие терени, како и големиот број на рекреативци љубители на белиот спорт, се соочуваат со недостиг од соблекувални, туш кабини, а да биде маката поголема клубот опстојува од самофинансирање, со членарината од своите членови и партиципацијата на оние кои доаѓаат да ги изнајмуваат терените за игра.

Љубомир Петровски и Ирина Ѓорчевска, младите тениски надежи на Љуботен, се потврда за потенцијалот и интересот за развој на белиот спорт во Тетово. Немањето на постојан клупски спонзор го отежнува учеството на тенисерите на Љуботен на домашни и меѓународни турнири.

Тетово и Гостивар се меѓу центрите, опфатени со проектот на Агенцијата за млади и спорт за изградба на тениски игралишта според стандарите на Еј Ти Пи и Ај Ти Еф. Според проектот кој АМС го реализира со поддршка на Владата на РМ, а во соработка со македонската тениска федерација поголемите градови треба да добијат модерни тениски центри со по 4 игралишта. По изградбата центрите ќе им бидат предадени за менаџирање на општините, кои треба да ги одредат локациите за градба, меѓутоа локалните самоуправи немаат право да ги издаваат под концесија.

Со главните градежни работи, според најавите од Агенцијата за млади и спорт, ќе се стартува наредната година, бидејќи постојат објективни проблеми од административен карактер. Некаде ќе треба да се извршат и промени во урбанистичките планови бидејќи многу малку општини имаат предвидено спортски центри, а тој период би требало да финализира годинава.

Изградбата на современ тениски центар во Тетово би значела и решавање на проблемите околу условите за тренирање на тенисерите на Љуботен. Таленти има, но за успех потребна е напорна работа и соодветни услови, нешто што се надеваме со изградбата на новите тениски центри во државата конечно ќе стане реалност.








 
     


 
 
30.11.2018 - Зимско одржување на патиштата

30.11.2018 - Светскиот тренд на предновогодишно фотографирање во професионално студио веќе неколку години го следат и тетовци

30.11.2018 - Светскиот тренд на предновогодишно фотографирање во професионално студио веќе неколку години го следат и тетовци

29.11.2018 - Етно вешта жена за Тетово за 2018 година

29.11.2018 - Три лица се повредени во сообраќајна незгода во тетовското село Синичане

28.11.2018 - Тетовци денес дишеа релативно чист воздух

28.11.2018 - Вработените во Општина Тетово во попладневните часови ги напуштија своите работни места.

28.11.2018 - 17-годишна девојка повредена, пак, повредена во сообраќајна незгода

27.11.2018 - Потсетување на гостиварските музичари Стеве Јаковлески и Боби Дојчинов

27.11.2018 - Каква титула би му дале на Тетово, потсетувајќи се назад низ годините?

     
   
     

 
Архива на вести
 
година
     
  месец  
   
     
 
       
  Текстовите кои се објавени смеат да се пренесат на други медиуми само со договор или со наведување дека потекнуваат од оваа интернет страница.