15.08.2008 - Големо славје во Глоѓи, православните мештани го чествуваа празникот посветен на седумте маченици Макавеи

Во дворот на црквата подигната во чест на Свети Атанасиј Велики се осветија темелите за градба на крстилница.
Православните мештани на Глоѓи со исселените жители од овој крај вчера го славеа празникот посветен на седумте маченици Макавеи. Прославата на големиот празник кој се совпаѓа со почетокот на Богородичиниот пост во црковниот двор беше надополнет со положување на камен темелник за градба на крстилница.
Седумте маченици Макавеи, страдањата на мајката Саломија со седумте синови кои пострадале за верата во живиот Бог се домашни закрилници за верниците во Глоѓи. Тие палеа свеќи за здравје на најблиските и им оддаваа почит на седумте синови Маквеи кои пред очите на нивната мајка по наредба на царот Антиох биле мачени и фрлани еден по еден во оган, за на крајот и Саломија сама да скокне во огнот преавајќи му ја душата на Бога.
Од исселените жители на Глоѓи слушнавме како нивните предци ја подгнале црквата изградена во слава и чест на Свети Атанасиј како и нивните впечатоци за вчерашната прослава. На времето благочестиво семејство од Глоѓи кое живеело во куќата сместена непосредно до црквата го продало најдобриот бик и така започнала градбата на црквата Сети Атанасиј, се подсети Бошко Стефаноски. Неговата радост на чествувањето ја подтикна и лопатата која ја доби на лицитацијата на трите лопати по осветувањето на камен-темелникот за крстилницата.
За посното гравче со кое беа почестени верниците присутни на големата прослава се погрижија војниците на АРМ. Вкусното војничко гравче се готвеше во казани, а се служеше во црковната трпезарија и под шаторско крило во црковниот двор. Војската е заедно со народот и помага во организирањето на големите прослави, забележаа во здравицата првите луѓе од тетовскиот гарнизон.
Овој голем празник во Глоѓи се слави од памтивек, се присетуваат мештаните, но далеку поскромно одколу последните години.
По водосветот, режењето на славскиот колач принесен од кумовите, осветувањето на темелите за градба на крстилница и братската трпеза, прославата на празникот во црковниот двор продолжи со песна и веселба.

 
     


 
 
30.11.2018 - Зимско одржување на патиштата

30.11.2018 - Светскиот тренд на предновогодишно фотографирање во професионално студио веќе неколку години го следат и тетовци

30.11.2018 - Светскиот тренд на предновогодишно фотографирање во професионално студио веќе неколку години го следат и тетовци

29.11.2018 - Етно вешта жена за Тетово за 2018 година

29.11.2018 - Три лица се повредени во сообраќајна незгода во тетовското село Синичане

28.11.2018 - Тетовци денес дишеа релативно чист воздух

28.11.2018 - Вработените во Општина Тетово во попладневните часови ги напуштија своите работни места.

28.11.2018 - 17-годишна девојка повредена, пак, повредена во сообраќајна незгода

27.11.2018 - Потсетување на гостиварските музичари Стеве Јаковлески и Боби Дојчинов

27.11.2018 - Каква титула би му дале на Тетово, потсетувајќи се назад низ годините?

     
   
     

 
Архива на вести
 
година
     
  месец  
   
     
 
       
  Текстовите кои се објавени смеат да се пренесат на други медиуми само со договор или со наведување дека потекнуваат од оваа интернет страница.