06.05.2007 - Во гостиварското село Железна Река, вчера се освети новоизградената црква "Свети Ѓорѓија".

Осветувањето на новиот дом божји, околу пладне го извршија гостиварските , заедно со тетовските свештеници од двете соседни намесништва, во присуство на поголем број мештани од селото и нивни гости и пријатели, дојдени да бидат дел од ова празнување.
Новата црква, која погледната од сите страни го разубавува горното "големомеовско" маало е дело на луѓето од ова маало, пред се, но и на повеќе спонзри и донатори, кои несебично ја помогнале благородната иницијатива да се направи православниот храм.
И навистина убаво ја направиле новата црква жителите од село Железна Река, вековита и за многу години, да им биде и да ја заличува височинката на која се наоѓа, искрено им посакаа на крајот од осветувањето свештениците, учесници во овој празничен чин.
Во Железна Река, родното место на познатиот македонски поет и академик, Радован Павловски, распослано во прекрасна природа, има стотина куќи, од кои само половината "чадат" преку цела година. Во шесте негови маала, можат да се видат исто толку цркви и манастирот "Св. Никола", која од која повпечатлива.
Овде, денеска повторно се празнува , Ѓурѓовден, но во долното маало. Продолжуваат многувековните традиции и обичаи, грижливо зачувани помеѓу гоелмите карпи, лево и десно, кои високо се издигаат кон небото и никого не го оставаат рамнодушен на таа единствена и неповторлива глетка.

Марјан Јосифовски

 
     


 
 
30.11.2018 - Зимско одржување на патиштата

30.11.2018 - Светскиот тренд на предновогодишно фотографирање во професионално студио веќе неколку години го следат и тетовци

30.11.2018 - Светскиот тренд на предновогодишно фотографирање во професионално студио веќе неколку години го следат и тетовци

29.11.2018 - Етно вешта жена за Тетово за 2018 година

29.11.2018 - Три лица се повредени во сообраќајна незгода во тетовското село Синичане

28.11.2018 - Тетовци денес дишеа релативно чист воздух

28.11.2018 - Вработените во Општина Тетово во попладневните часови ги напуштија своите работни места.

28.11.2018 - 17-годишна девојка повредена, пак, повредена во сообраќајна незгода

27.11.2018 - Потсетување на гостиварските музичари Стеве Јаковлески и Боби Дојчинов

27.11.2018 - Каква титула би му дале на Тетово, потсетувајќи се назад низ годините?

     
   
     

 
Архива на вести
 
година
     
  месец  
   
     
 
       
  Текстовите кои се објавени смеат да се пренесат на други медиуми само со договор или со наведување дека потекнуваат од оваа интернет страница.