06.11.2008 - Проектот за изградба на новата црква во Тетово е заглавен во бирократските лавиринти

Проектот за изградба на нов православен храм во Тетово заталка во бирократските лавиринти.Организациониот одбор бара црквата да се гради во Жена парк, општината, пак сега нуди нова локација-зад спортскиот центар, што е неприфатлива за иницијаторите.

Тие побараа измена на генералниот урбанистички план, со што и правно формално би се одредила локациата на идната црква, а планот по процедурата во тетовската локална самоуправа беше испратен во министертвото за транспорт и врски.

Вчера претставници од Министерството ја утврдуваа фактичката состојба на самото место, па сега се чека на конечно одобрение од централната власт.

Поддршка за реализацијата на идејата за изградба на нов православен храм во Тетово вети и пратеничката од овој регион, министерката за внатрешни работи Гордана Јанкуловска. Таа се сомнева дека актуелниот градоначалник ќе соработува на ова прашање.

Прашањето за изградба на нова црква во Тетово првпат на Седница на советот беше поднесено во јули годинава, но откако локалната самоуправа одби да даде дозвола за градба на локацијата во Жена парк, иницијативниот одбор побара помош од Министерството за транспорт и врски.

Петмината советници, според изјави од Одборот, безрезервно го поддржаа проектот. Како што ни изјави советникот на ВМРО НП, Драган Давидовски, неговата иницијатива за бојкотирање на предминатата седница на Советот, бидејќи на дневен ред никако да стаса барањето за добивање на маркица, не беше прифатена од останатите советници Македонци.

Сега на потег е Министерството за транспорт и врски. Според изјави од Иницијативниот одбор, доколку оттаму стигне позитивен одговор наскоро ќе може да се гради во урбаниот блок 31, во Жена парк, поточно спроти спортско рекреативниот центар.

Марина Блажеска


 
     


 
 
30.11.2018 - Зимско одржување на патиштата

30.11.2018 - Светскиот тренд на предновогодишно фотографирање во професионално студио веќе неколку години го следат и тетовци

30.11.2018 - Светскиот тренд на предновогодишно фотографирање во професионално студио веќе неколку години го следат и тетовци

29.11.2018 - Етно вешта жена за Тетово за 2018 година

29.11.2018 - Три лица се повредени во сообраќајна незгода во тетовското село Синичане

28.11.2018 - Тетовци денес дишеа релативно чист воздух

28.11.2018 - Вработените во Општина Тетово во попладневните часови ги напуштија своите работни места.

28.11.2018 - 17-годишна девојка повредена, пак, повредена во сообраќајна незгода

27.11.2018 - Потсетување на гостиварските музичари Стеве Јаковлески и Боби Дојчинов

27.11.2018 - Каква титула би му дале на Тетово, потсетувајќи се назад низ годините?

     
   
     

 
Архива на вести
 
година
     
  месец  
   
     
 
       
  Текстовите кои се објавени смеат да се пренесат на други медиуми само со договор или со наведување дека потекнуваат од оваа интернет страница.