16.05.2007 - Празникот Свети Атанасиј -летен, вчера традиционално беше про-славен во Стенче.


Верници од Тетово, Гостивар, Волковија, Блаце, Милетино и други места, вчера им се придружија на Стенчани и масовно како и секоја година го прославија празникот Свети Атанасиј - летен. Според традициите прославата на патронот на Стенче се одржа во соборната црква "Свети Илија". Во ова православно светилиште кое е едно од најстарите во крајов, празнувањето започна утрото кога верниците за црквата донираа грав и житарици, а продолжи попладнето со заедничка трпеза на која традиционално се служи грав.
Во Стенче за празникот Свети Атанасиј -летен има специфичен обичај, од гравот кој се подготвува и благословува во црковата, верниците носат дома. За да има за сите готвачите два дена го подготвуваат варивото во 5 казани.
Според обичаите на празникот Свети Атанасиј -летен во Стенче на традиционалната трпеза се собирале само мажите, но во новово време се вклучија и жените. Празнувањата стануваат се помасовни, а песни и ората течат и до доцна во ноќта.
Во обичаите кои се пренесуваат од колено на колено е и црковната лицитација, во која се лицитираат даровите кои верниците за здравје ги оставаат на црквата, а други верници исто така за здравје ги купуваат. Од собраните пари се обновува и доградува црквата. Во иднина дворот на црквата "Свети Илија" во Стенче во кој на вакви прослави ќе се собираат верниците ќе биде ограден и зазеленет. На втори август Стенчани во оваа црква ќе слават 140 години од возобновувањето на православното светилиште.

Натаса Петковска

 
     


 
 
12.11.2018 - Со цел да се избегне статусната разлика меѓу учениците, и основното училиште Андреа Савески Ќиќиш ги воведе училишните униформи

12.11.2018 - Саем на костени, вино и мед

12.11.2018 - Нападнат главен судија во тетовско, поради незадоволство од резултатот

12.11.2018 - Голомразица на патиштата кон Стража, Маврово и Попова Шапка

12.11.2018 - По повод Светскиот ден на борбата против дијабетесот, Здружението на дијабетичари Тетово организираше бесплатно мерење на шеќер во крвта

11.11.2018 - Пена полна со разни отпадоци

11.11.2018 - Тетово домаќин на 9-тиот Републички натпревар во табла

10.11.2018 - Црквата и општината сосема ги заборавија и кренаа раце од новите православни градски гробишта кај тетовско Фалише

10.11.2018 - Концерт насловен "Мојот пат" на маестро Ивица Зориќ

10.11.2018 - In memoriam- Илија Петровски

     
   
     

 
Архива на вести
 
година
     
  месец  
   
     
 
       
  Текстовите кои се објавени смеат да се пренесат на други медиуми само со договор или со наведување дека потекнуваат од оваа интернет страница.