25.12.2008 - Празникот посветен на Свети Спиридон Чудотворец го прославија жителите на Старо Село

Свети Спиридон, благочестивиот епископ кој и со овој црковен чин го продолжил простиот начин на живот, обработувал земја и чувал добиток, утрово го прославија мештаните на Старо Село. На височинката во месноста викана Дубје верниците од Старо Село ја подигнале црквата во слава и чест на големиот Чудотворец.

Патроните чествувања во единствената црква во тетовско изградена во чест на Свети Спиридон започнаа со водосвет и режење на славкиот колач принесен од тројцата годинешни кумови. Трите парички вметнати во колачот ги одредија кумовите за наредната година.

На прославата на големиот празник парохискиот свештеник отец Перица Бојковски пред собраните верници беседеше за животот и бројните чуда што ги сторил Свети Спиридон, меѓу кои се вбројува и воскреснувањето на неколкумина починати лица.

Вистинската возбуда за мештаните од Старо село беше делбата на колачот, сите се надеваа дека ќе го најдат паричето за догодина да бидат кумови. Среќата им се насмевна на две девојчиња.

Во месноста Дубје, на еколошки чист простор жителите на Старо Село со години наназад го слават Свети Спиридон како заштитник на ова населено место. Големиот Чудотоврец како еписокоп обработувал земја и пасел добиток, а токму во Старо Село многу фамилии чувале овци и други грла добиток, кажуваат мештаните. Патроните чествувања во црквата во Старо Село завршија со благословена посна трпеза приредена од тројцата кумови.






 
     


 
 
30.11.2018 - Зимско одржување на патиштата

30.11.2018 - Светскиот тренд на предновогодишно фотографирање во професионално студио веќе неколку години го следат и тетовци

30.11.2018 - Светскиот тренд на предновогодишно фотографирање во професионално студио веќе неколку години го следат и тетовци

29.11.2018 - Етно вешта жена за Тетово за 2018 година

29.11.2018 - Три лица се повредени во сообраќајна незгода во тетовското село Синичане

28.11.2018 - Тетовци денес дишеа релативно чист воздух

28.11.2018 - Вработените во Општина Тетово во попладневните часови ги напуштија своите работни места.

28.11.2018 - 17-годишна девојка повредена, пак, повредена во сообраќајна незгода

27.11.2018 - Потсетување на гостиварските музичари Стеве Јаковлески и Боби Дојчинов

27.11.2018 - Каква титула би му дале на Тетово, потсетувајќи се назад низ годините?

     
   
     

 
Архива на вести
 
година
     
  месец  
   
     
 
       
  Текстовите кои се објавени смеат да се пренесат на други медиуми само со договор или со наведување дека потекнуваат од оваа интернет страница.