29.12.2008 - Полицијата во борба против опасната пиротехника

Во акциска контрола спроведена од страна на СВР Тетово, вчеравечер во два угостителски објекти затекнати се 11 странски и 2 државјанки на Македонија.

Во угостителскиот објект "Хилтон" во Желино, сопственост на 31 годишниот Ј.Ф. затекнати се 4 девојки од Косово, две од Албанија и една од тетовското село Шемшово, додека во угостителскиот објект "Бели девет", сопственост на 40 годишниот З.А. од Тетово најдени се пет државјанки од Албанија и една од нашата земја.

Против 11 -те странски државјанки, СВР Тетово ќе поднесе прекршоч-ни пријави за злоупотреба на туристичкиот престој и нелегално вработување, а сопствениците на двата објекта ќе се соочат со соодветни пријави.

Во периодот помеѓу 15 и 28 овој месец, засега непознати сторители провалиле во црквата "Света Петка" во селото Стенче. Во црквата влегле откако го скршиле горниот стаклен дел од влезната врата, по што одзеле 20 илјади денари кои биле оставени на иконите и еден агрегат од 250 вати. При кржабата, арамиите оштетиле една икона.

Вчера вечер во Полициската станица во Гостивар се приведени гостиварците Е.Б. и Ф.М., кај кои при контрола од страна на автопатната полиција, пронајдени се и идземени 10 илјади петарди, 86 парчиња ракети за огномет и 22 големи петарди. Петардите со потврда им се одземени и прптив шверцериоте ќе бидат превземени соодветни законски мерки.

Јошко Мисоски



 
     


 
 
30.11.2018 - Зимско одржување на патиштата

30.11.2018 - Светскиот тренд на предновогодишно фотографирање во професионално студио веќе неколку години го следат и тетовци

30.11.2018 - Светскиот тренд на предновогодишно фотографирање во професионално студио веќе неколку години го следат и тетовци

29.11.2018 - Етно вешта жена за Тетово за 2018 година

29.11.2018 - Три лица се повредени во сообраќајна незгода во тетовското село Синичане

28.11.2018 - Тетовци денес дишеа релативно чист воздух

28.11.2018 - Вработените во Општина Тетово во попладневните часови ги напуштија своите работни места.

28.11.2018 - 17-годишна девојка повредена, пак, повредена во сообраќајна незгода

27.11.2018 - Потсетување на гостиварските музичари Стеве Јаковлески и Боби Дојчинов

27.11.2018 - Каква титула би му дале на Тетово, потсетувајќи се назад низ годините?

     
   
     

 
Архива на вести
 
година
     
  месец  
   
     
 
       
  Текстовите кои се објавени смеат да се пренесат на други медиуми само со договор или со наведување дека потекнуваат од оваа интернет страница.