25.05.2007 - Години наназад православните верници од Жилче но и околните населени места секој 22-ри мај се собираат во црквата посветена на Свети Никола Мирлекиски, да му оддадат почит на закрилникот, светецот во чија чест во 1913 година бил подигнат патрониот храм во селото.

Со иницијатива на црковниот одбор и со донации од верниците црквата беше возобновена, а осветувањето на денот на селската слава Свети Никола Летен го изврши Митрополитот Полошко-кумановски Господин Кирил.
Црквата подигната во чест на Архиепископот Мирлекиски, Свети Никола, со иницијатива на црковниот одбор, а со донации од верниците беше возобновена, а интервенции беа извршени на покривната конструкција, подот и во фрескоживописот.
Црковниот одбор јавно им се заблагодари на сите кои го потпомогнаа возобновувањето на овој црковен храм. Благодарници за донираните парични средства добија:претпријатието "Роби пром" од Тетово, Маке Тенда од Жилче, Веле Метал од Тетово, Боби Мико од Жилче, Еуро карбонат, Нена Троут и пекара Неда од Јегуновце, Ад Скопско пиво од тетово, Геохидро инжинеринг од Тетово, Микели од порој, Делфо комерц од Палатица, Здружение на возачи од Тетово, Стојче и Сребра Стојановски од Жилче, Софче и Јулијана Јовановски од Јегуновце, претпријатието Дого од Туденце, женски младински хор Менада, АД Тетекс од Тетово, Голец Транс од Желино, Трпко и Мира Трпевски од Жилче, Трпче Трпчевски исто така од Жилче, Зоран и Благоја ЕСМ-ЕВН, Сашо Антевски од Жилче,основно училиште од Жилче, РТВ КИСС, протоереј ставрофор старешина на црквата Свети Никола од село Жилче, Димитрие Крстевски, а благодарница Црковниот одбор му додели и на неговото Високопреосвештенство Митрополитот Полошко-кумановски Господин Кирил.
Празнувањето продолжи со режењето на славските колачи принесени од годинашните кумови, а прославата догодина ќе биде во знакот на 11-те новоизбрани кумови кои имаа најмногу среќа да ги пронајдат паричките во славските колачи кои ги прережа Митрополитот господин кирил.
Прославата на празникот во дворот на црквата овозможува на гости да дојдат голем број верници и гости од други места, како и претставници од црковните одбори од околните населени места.
И годинава кумовите и црковниот одбор приредија богата празнична трпеза за верниците, кои по традиција секогаш доаѓаат во голем број на овој ден во Жилче. И овојпат не изостанаа гравот и одлично приготвениот гулаш од рацете на главниот готвач Лазо Гавровски.
Празнувањето на Свети Никола Летен беше повод и за народна веселба во дворот на црквата. Прославата ја надоплнија младите играорци од КУД Извор, инаку ученици во ОУ во Жилче, Робертино, како и Триото Гавровски.

Марина Блажеска

 
     


 
 
30.11.2018 - Зимско одржување на патиштата

30.11.2018 - Светскиот тренд на предновогодишно фотографирање во професионално студио веќе неколку години го следат и тетовци

30.11.2018 - Светскиот тренд на предновогодишно фотографирање во професионално студио веќе неколку години го следат и тетовци

29.11.2018 - Етно вешта жена за Тетово за 2018 година

29.11.2018 - Три лица се повредени во сообраќајна незгода во тетовското село Синичане

28.11.2018 - Тетовци денес дишеа релативно чист воздух

28.11.2018 - Вработените во Општина Тетово во попладневните часови ги напуштија своите работни места.

28.11.2018 - 17-годишна девојка повредена, пак, повредена во сообраќајна незгода

27.11.2018 - Потсетување на гостиварските музичари Стеве Јаковлески и Боби Дојчинов

27.11.2018 - Каква титула би му дале на Тетово, потсетувајќи се назад низ годините?

     
   
     

 
Архива на вести
 
година
     
  месец  
   
     
 
       
  Текстовите кои се објавени смеат да се пренесат на други медиуми само со договор или со наведување дека потекнуваат од оваа интернет страница.