28.05.2007 - Во неговиот дом во САД почина нашиот истакнат иселеник Софче Јовановски.

Во 53 тата година од животот ноќва во својот дом, во Саутгејт, во Мичиген - САД, ненадејно почина Софче Јовановски, наш иселеник во дијаспората, истакнат бизнисмен, добротвор и донатор. Ненадејната смрт на Јовановски, освен неговото семејство, ги изненади и ожалости неговите роднини и пријатели во земјата каде живееше и го развивеше бизнисот, но и роднините, пријателите и сите кои го познаваа во родниот крај.
Ќе остане запаметен пред се како добар син, сопруг ,татко, но и добродетел кој несебично ги помагаше оние кои немаа, а со своите донации го унапредуваше животот како во Мичиген, така и во таковината, пред се во родното Јегуновце.
Софче Јовановски е роден на 9 ти април 1954 година во тетовското село Јегуновце, а со неговото семејство е трета генерација во Соединетите американски држави. Неговите три деца Александар, Дијана и Мајкл се четврта генерација македонски луѓе кои со македонско срце живеат на американска почва.
Во семејната куќа во Саутгејт живее и неговата мајка, Донка, која следејќи ја судбината на својот сопруг Милко кој бил печалбар, со своите деца ја напуштила татковината и заминала во туѓина.
Софче Јовановски заедно со неговата сопруга гостиварчанката Јулијана, ќе остане запаметен како голем донатор и добротвор. Семејството Јовановски на црквата "Раѓање на пресвета Богородица" во Детроит досега и подарило повеќе од 60.000 долари, со што преставуваат едни од најголемите донатори на храмот. Јулијана и Софче Јовановски неколкупати беа кумови на црковниот храм во Детроит. На осветувањето на црквата "Раѓање на Пресвета Богородица", на верскиот празник Мала Богородица, на 21 септември 2002 година, тие го откупија позлатениот клуч на црквата за 10.000 долари и на тој начин станаа доживотни кумови на црквата "Раѓање на Пресевата Богородица" во Детроит.
За време на изградбата, Софче беше пример за сестрано ангажиран човек и верник. Тој беше менаџер на Црковниот одбор од почетокот до крајот на изградбата , 4 години беше благајник на храмот, по што 6 години ја вршеше функцијата на секретар на црковниот одбор на велелепниот храм на македонската православна црква "Раѓање на пресвета Богородица". Годинава повторно беше избран на двегодишен мандат, и требаше да служи до 2009 -тата година, но сега црквониот одбор ќе мора да се снаоѓа без него. За иселениците во светот верските објекти се блиска средба меѓу минатото и иднината. Затоа тој беше донатор на цркврите во родниот крај.
Со финансиски средства донирани од Јовановски изградена е чешмата во црквата "Св.Атанасиј" во Јегуновце, неколку икони во храмот "Св. Ѓорѓија" во месноста Пештер во Јегуновце, а во негова сопстевеност е и лицитираната лопата при поставувањето на темелите на храмот.
Околу 5.000 долари, Јованоски и даруваше на реконструираната манастирска црква во "Св. Атанасиј" во Лешок, па денес за здравје неговото семејство манастирот го украсуваат неколку фрески. За изработка на икони и фрески, Софче донираше и за црквата "Св. Никола" во Жилче.
Сесредно Јовановски ги помагаше и верските објекти во гостиварско од каде потекнува неговата сопруга, а од него не беа заборавени ниту посиромашните семејства во родното Јегуновце. Тој имаше чувство и за унапредување на културата во неговиот роден крај, па изнаоѓаше начини да го потпомогне и КУД "Извор" од Јегуновце.
Освен како донатор и добротвор, Софче Јовановски ќе остане запаметен и како истакнат бизнисмен. Во сопственост на семејството Јовановски е фирмата на Њу Полка Бекери, во чиј состав работат 3 супермаркети за прехрамбени продукти и пијалоци и пекарница. Фирмата располага со сопствен магацински простор, а соработува со македонски производствени организации, како и од целиот Балкан. Јовановски беше и генерален застапник на Скопската пиварница за државата Мичиген, а неговата компанија бележи постојан напредок и проширувања.
Вечниот копнеж по родното огниште Софче го надоместуваше со чести доаѓања во родниот крај. До неодамна тој имаше угостителки бизнис, ресторанот "Жеден 2000" во Јегуновце. Покрај успешниот бизнис во Детроит, тој имаше сериозни планови за инвестиции во родното место и татковината, свесен дека таквите вложувања на капитал претставуваат заеднички економски интерес, но и непосреден придонес за просперитет на татковината.
Софче Јовановски беше еден и од иницијаторите за одржување на сега веќе традиционалните Полошки средби на иселениците кои секоја година се одржуваат во тетовско. Јовановски беше вистински пример како се одржува контактот со родниот крај. И сега по неговата смрт остануваат само спомените за него пред се како за човек кој помагаше и по чија едноставност ќе остане запаметен и во неговиот втор дом во САД, но и кај сите кои го познаваа во татковината.

Лилјана Михајловска

 
     


 
 
30.11.2018 - Зимско одржување на патиштата

30.11.2018 - Светскиот тренд на предновогодишно фотографирање во професионално студио веќе неколку години го следат и тетовци

30.11.2018 - Светскиот тренд на предновогодишно фотографирање во професионално студио веќе неколку години го следат и тетовци

29.11.2018 - Етно вешта жена за Тетово за 2018 година

29.11.2018 - Три лица се повредени во сообраќајна незгода во тетовското село Синичане

28.11.2018 - Тетовци денес дишеа релативно чист воздух

28.11.2018 - Вработените во Општина Тетово во попладневните часови ги напуштија своите работни места.

28.11.2018 - 17-годишна девојка повредена, пак, повредена во сообраќајна незгода

27.11.2018 - Потсетување на гостиварските музичари Стеве Јаковлески и Боби Дојчинов

27.11.2018 - Каква титула би му дале на Тетово, потсетувајќи се назад низ годините?

     
   
     

 
Архива на вести
 
година
     
  месец  
   
     
 
       
  Текстовите кои се објавени смеат да се пренесат на други медиуми само со договор или со наведување дека потекнуваат од оваа интернет страница.