21.06.2009 - Црковно народен собир во Долно Палчиште

Палчиштани доследни на традицијата со "Палчишки средби" го одбележаа денот на осветувањето на селската црква "Св. Спас".

Традиционално повеќе од 30 години, една недела по почетокот на петровите пости, жителите на тетовското село Долно Палчиште со црковно народен собир во селската црквата "Св.Спас" го одбележуваат денот на осветувањето на храмот.

Во чест на одбележувањето тројца свештеници во присутво на верниците го извршија чинот на водосвет и маслосвет, по што беше благословен и прерережан кумскиот колач принесен од годинешните 5 кума: Владо Јовановски, Јовица Ракиќ, Ангеле Станоевски, Љупче Србиновски и Здравко Пауновски.

Кумството за в година според традицијата го превземаат нови кумови.Црквата "Св.Спас" е изградена во 1922 година, а истата година е осветена. Храмот чиј ден на осветување традиционално се празнува во Палчиште е изграден од месното население.

Раздвижено и празнично расположение меѓу палчиштани, малкуте кои останале и многуте кои си заминале во потрага по подобар живот. Денешниот ден на едно место ги собра сите, заедно да ја продолжат традицијата. Некогаш Палчиште броело повеќе десетици куќи со македонско население, денес таму со своето семејство живее само семејството Тофиловски. За нив поубаво место од Палчиште нема.

Палчиштани се радуваат што овој црковно народен собир од година в година станува се помасовен. Некои од верниците денеска за прв пат присутвуваа на прославата организирана во Палчиште, додека иселените палчиштани не пропуштаат за овој ден да го посетат родниот крај.Заедничкото другарување на изселените палчиштани продолжи во црковниот двор каде старите се подсетуваат на бегрижните денови поминати во овој подшарпланински амбиент. Убавината не црковсниот двор кој изобилува со прекрасни цвеќиња со години е грижа на една жена.

Празнување не бидува без заеднички ручек, а за сите присутни верници кумовите приредија братско сестринска трпеза на љубовтта. Палчишките средби продолжија во духот на македоснакта традиција со заедничко оро и песна во црковсниот двор.

Лилјана Михајловска


 
     


 
 
30.11.2018 - Зимско одржување на патиштата

30.11.2018 - Светскиот тренд на предновогодишно фотографирање во професионално студио веќе неколку години го следат и тетовци

30.11.2018 - Светскиот тренд на предновогодишно фотографирање во професионално студио веќе неколку години го следат и тетовци

29.11.2018 - Етно вешта жена за Тетово за 2018 година

29.11.2018 - Три лица се повредени во сообраќајна незгода во тетовското село Синичане

28.11.2018 - Тетовци денес дишеа релативно чист воздух

28.11.2018 - Вработените во Општина Тетово во попладневните часови ги напуштија своите работни места.

28.11.2018 - 17-годишна девојка повредена, пак, повредена во сообраќајна незгода

27.11.2018 - Потсетување на гостиварските музичари Стеве Јаковлески и Боби Дојчинов

27.11.2018 - Каква титула би му дале на Тетово, потсетувајќи се назад низ годините?

     
   
     

 
Архива на вести
 
година
     
  месец  
   
     
 
       
  Текстовите кои се објавени смеат да се пренесат на други медиуми само со договор или со наведување дека потекнуваат од оваа интернет страница.