30.07.2009 - Православието денес го чествува денот посветен на светата великомаченица Марина

Споменот на Света великомаченица Марина или Огнена Марија, со црковно народен собир традиционално се чествува и во Теарце во месноста Марена во црквата Света Марина
Православниот свет денес и се поклонува на светата великомаченица Марина, една од многубројните страдалници за верата во Господ Исус Христос, чиј возвишен живот стана показател на величината на христијанската добродетел.
Огнена Марија како што во народот е познат празникот посветен на светата великомаченица Марина традиционално со црковно народен собир се одбележа и во Теарце. Во црквата Света Марина која се наоѓа во месноста Марена утринава верниците присуствуваа на празничната литургија која ја отслужи прота Димитрија Крстески. Покрај литургијата, благословени беа пченицата, виното и лебот, а прережан беше и кумскиот колач принесен од тројцата годинешни кумови.
Паричките вметанати во кумскиот колач ги одредија кумовите за в година. Честа да кумуваат за следното чествување на празникот им припадна на Никола Головски, Александар Костадиновски и Ангелина Јовановска.
Великомаченица Марина се вбројува меѓу светителите кои меѓу верниците од полошкиот крај имаат посебен пиетет. Верниците од утринските часови пристигнуваа во храмовите да присуствуваат на Богослужбата, упатувајќи молитви кон светителката која се удостои на венецот на славата.
Света Марина се роди во незнабожечки дом, но на 12 години го запозна христијанството и се крсти, заради што беше презрена од сопствените родители. Великомаченица Марина пострада за време на владеењето на царот Диоклецијан одбивајќи да биде жена на еден од неговите намесници во Антиохија.
Од мачењата на незнабожечките власти кои се случиле кон крајот на вториот век за време на владеењето на царот Диоклецијан, Светата Великомаченица го добила името Огнена Марија. Поголем дел од нејзините мошти се наоѓаат во манастирот Света Марина, во областа Мала Преспа, каде се уште се случуваат чуда над нејзините мошти
Одбележувањето на празникот посветен на света Марина во Теарце е традиција која датира од дамнина потсетуваат теарчани.
Од година в година на празничниот ден, Теарце е се помасовно посетено од страна на верници од земјава и странство.
Празничното одбележување продолжи со братско сестринска трпеза на која кумовте ги почестија гостите .

Лилјана Симуноска

 
     


 
 
30.11.2018 - Зимско одржување на патиштата

30.11.2018 - Светскиот тренд на предновогодишно фотографирање во професионално студио веќе неколку години го следат и тетовци

30.11.2018 - Светскиот тренд на предновогодишно фотографирање во професионално студио веќе неколку години го следат и тетовци

29.11.2018 - Етно вешта жена за Тетово за 2018 година

29.11.2018 - Три лица се повредени во сообраќајна незгода во тетовското село Синичане

28.11.2018 - Тетовци денес дишеа релативно чист воздух

28.11.2018 - Вработените во Општина Тетово во попладневните часови ги напуштија своите работни места.

28.11.2018 - 17-годишна девојка повредена, пак, повредена во сообраќајна незгода

27.11.2018 - Потсетување на гостиварските музичари Стеве Јаковлески и Боби Дојчинов

27.11.2018 - Каква титула би му дале на Тетово, потсетувајќи се назад низ годините?

     
   
     

 
Архива на вести
 
година
     
  месец  
   
     
 
       
  Текстовите кои се објавени смеат да се пренесат на други медиуми само со договор или со наведување дека потекнуваат од оваа интернет страница.