15.08.2009 - Во дворот на црквата свети Ѓорѓија во село Лавце пред повеќе од еден век е израснато дабово дрво со делумно тркалезно стебло низ кое се провлекуваат деца и возрасни кои имаат проблеми со тешко излечливи болести

Се прикажува дека по ова многу неротки родиле, а болните засекогаш се излекувале.
Во дворот од црквата Свети Ѓорѓија во тетовското село Лавце се наоѓа едно од најстарите дабови дрвја во овој реон. Покрај вековната старост ова дрво е уникатно по својот облик на стеблото. Тоа делумно е тркалезно со поширок отвор низ кој се провлекуваат заболени лица од сите возрасти, како и жени кај кои стерилитетот тешко се лекува. Меѓу народот се прикажува дека по ова многу неротки родиле, а болните засекогаш се излекувале.
Перо Војноски е роден во Лавце и од својата детска возраст па се до денес постојано слуша за чудотворноста на ова вековно дабово дрво.
Многу семејства или нивни членови кои се нашле во невоља поради болест или неплодност доаѓаат во континуитет, во сите сезони, а најчесто во деновите на викендот. Затоа сме направиле повеќе резервни клучеви. Дворот од црквата е секогаш достапен за сите без оглед на верската и национална припадност ни изјави Рамадан Реџепи, кој живее блиску до црквата и многу често им ја отклучува влезната врата на дворот на намерниците.
Само во текот на минатиот викенд во Лавце допатуваа 4 семејства од Тетово, Дебар и од тетовските села за да го побарат лекот од болест преку ова црковно дабово дрво. Од нив сум информиран дека дошле по препорака на нивни блиски роднини и пријатели, кои пред неколку години откако направиле обиколка и 3 пати се протнале низ дабовиот отвор болеста им исчезнала, а неродилките станале среќни мајки - ни рече претседателот на Црковниот одбор, Младен Симоски. Сопоред него некои од нив го посетуваат и другото дабово дрво кое од средината на стеблото исфла во континуитет течност која ги исцелува, раните, очните , кожните и други болести.

Јован Булески

 
     


 
 
30.11.2018 - Зимско одржување на патиштата

30.11.2018 - Светскиот тренд на предновогодишно фотографирање во професионално студио веќе неколку години го следат и тетовци

30.11.2018 - Светскиот тренд на предновогодишно фотографирање во професионално студио веќе неколку години го следат и тетовци

29.11.2018 - Етно вешта жена за Тетово за 2018 година

29.11.2018 - Три лица се повредени во сообраќајна незгода во тетовското село Синичане

28.11.2018 - Тетовци денес дишеа релативно чист воздух

28.11.2018 - Вработените во Општина Тетово во попладневните часови ги напуштија своите работни места.

28.11.2018 - 17-годишна девојка повредена, пак, повредена во сообраќајна незгода

27.11.2018 - Потсетување на гостиварските музичари Стеве Јаковлески и Боби Дојчинов

27.11.2018 - Каква титула би му дале на Тетово, потсетувајќи се назад низ годините?

     
   
     

 
Архива на вести
 
година
     
  месец  
   
     
 
       
  Текстовите кои се објавени смеат да се пренесат на други медиуми само со договор или со наведување дека потекнуваат од оваа интернет страница.