15.01.2010 - Одбележување на Православна Нова година и Денот на Свети Василиј Велики, наречен Василица во тетовско Копанце продолжи и вчера во доцните попладневни и вечерни часови

Одбележување на Православна Нова година и Денот на Свети Василиј Велики, наречен Василица во тетовско Копанце продолжи и вчера во доцните попладневни и вечерни часови.

Претпладнето согласно традицијата маскираните василичари одеа од куќа до куќа и собираа дарови од домаќините, со што потоа се подготви празничната трпеза. Во црквата Свети Никола парохот на Јегуновечко Раотинечката парохија , жарко Мицковски отслужи литургија.

Потоа беше произнесена Беседа посветена на празникот Православна Нова година и Денот на Свети василиј Велики, познат како Василица. Споменатите кумови , за сите присутни приредија братска трпеза која ја благослови надлежниот свештеник . На сите присутни на општонародната веселба им беа поделени парченца од прережаните колачи во кои имаше 3 парички . Најмногу среќа имаше гостинот од Јегуновце Тони Богоевски, на кого му падна златната паричка која му го определи кумството за наредното празнување. Покрај него кумови ќе бидат Јовица Савевски и Игор Савевски , двејацата од Копанце, кои ги пронајдоа паричките во парченцата.

Празникот беше повод во Копанце да дојдат гости од Скопје, Тетово, Јегуновце, Долно Седларце, Раотинце, Жилче, Сиричино, Ратае и од други места , како и од дијспората. Меѓу нив беше и Крсто Ристоски од Детроит кој новогодишните, божиќните и други празници ги поминува во родното Копанце. Според обичаите и традициите, црковно народниот собир во Копанце продолжи со општонародна веселба во црковно трпезарија која траеше се до полноќ.


 
     


 
 
30.11.2018 - Зимско одржување на патиштата

30.11.2018 - Светскиот тренд на предновогодишно фотографирање во професионално студио веќе неколку години го следат и тетовци

30.11.2018 - Светскиот тренд на предновогодишно фотографирање во професионално студио веќе неколку години го следат и тетовци

29.11.2018 - Етно вешта жена за Тетово за 2018 година

29.11.2018 - Три лица се повредени во сообраќајна незгода во тетовското село Синичане

28.11.2018 - Тетовци денес дишеа релативно чист воздух

28.11.2018 - Вработените во Општина Тетово во попладневните часови ги напуштија своите работни места.

28.11.2018 - 17-годишна девојка повредена, пак, повредена во сообраќајна незгода

27.11.2018 - Потсетување на гостиварските музичари Стеве Јаковлески и Боби Дојчинов

27.11.2018 - Каква титула би му дале на Тетово, потсетувајќи се назад низ годините?

     
   
     

 
Архива на вести
 
година
     
  месец  
   
     
 
       
  Текстовите кои се објавени смеат да се пренесат на други медиуми само со договор или со наведување дека потекнуваат од оваа интернет страница.