19.01.2010 - И во Прељубиште, Глоѓи, Теарце и Беловиште се одбележа Крштевањето на Спасителот Господ Исус Христос во водите на реката Јордан

Денот на крштевањето на Господ Исус Христос во водите на реката Јордан со водосвет и спуштање на крстот, по вторпат годинава беше одбележан и во населеното место Прељубиште.

Со песна и музика прославата започна во дворот на црквата Свети Јован Богослов. Голем број верници не само од ова тетовско село, туку и од околните села, дојдоа во црковниот двор на овој црковно-народен собир. Литургијата ја отслужи отец Александар Стојановски.По крстот се фрлија неколку момчиња, најсреќен годинава беше Јовица Трпчески.

Со фрлање на осветениот крст во црковниот базен, Богојавление се одбележа и во селото Глоѓи. По светитот водосвет и литургијата која ја отслужи отец Ратко Милановски трите момчиња се фрлија во црковниот базен. Ненад Ристовски успеа да го фати крстот и како награда доби телевизор.

Денот на крштевањето на Господ Исус Христос во водите на реката Јордан со водосвет и фрлање на крстот беше одбележан и во населеното место Теарце. Голем број верниците дојдоа во црковниот двор на црквата Свети Димитриј Солунски да присуствуваат на чинот на фрлање на осветениот крст во црковниот базен. Годинава во Теарце по крстот се фрлија тројца храбри момчиња, а годинава Илче Тофиловски успеа да го фати крстот.

Празнична атмосфера владееше и во црквата во селото Беловиште. Најспретен и најсреќен, кој го извади крстот од водите на реката беше Јовица Спироски, кој доби парични награди, компјутер и правосмукалка.По литургијата, беше благословен кумскиот колач. Прославата продолжи со братско-сестринската трпеза на љубовта.

Данијела Петковска


 
     


 
 
30.11.2018 - Зимско одржување на патиштата

30.11.2018 - Светскиот тренд на предновогодишно фотографирање во професионално студио веќе неколку години го следат и тетовци

30.11.2018 - Светскиот тренд на предновогодишно фотографирање во професионално студио веќе неколку години го следат и тетовци

29.11.2018 - Етно вешта жена за Тетово за 2018 година

29.11.2018 - Три лица се повредени во сообраќајна незгода во тетовското село Синичане

28.11.2018 - Тетовци денес дишеа релативно чист воздух

28.11.2018 - Вработените во Општина Тетово во попладневните часови ги напуштија своите работни места.

28.11.2018 - 17-годишна девојка повредена, пак, повредена во сообраќајна незгода

27.11.2018 - Потсетување на гостиварските музичари Стеве Јаковлески и Боби Дојчинов

27.11.2018 - Каква титула би му дале на Тетово, потсетувајќи се назад низ годините?

     
   
     

 
Архива на вести
 
година
     
  месец  
   
     
 
       
  Текстовите кои се објавени смеат да се пренесат на други медиуми само со договор или со наведување дека потекнуваат од оваа интернет страница.