08.02.2010 - На автопатот Тетово-Скопје, кај месноста Карпалак вчера околу 19 часот изгоре автобус на фирмата Интертурс

На автопатотот Тетово-Скопје во близина на Групчин кај месноста Карпалок вчера меѓу 19 и 20 часот изгоре автобус на приватното автоттранспортно претпријатие Интертурс. Со автобусот во детското одмиралиште Бунец на падините на Бистра кај Маврово отпатувале 50-тина ученици од скопските училишта, а за Скопје автобусот се враќал без ниту еден патник.

Додека се движел по автопатната лента од правец на Тетово кон Скопје, возачот Борче Димоски забележал непријатна миризба и чад кој се ширел од правец на последните седишта.

Покрај возачи од Тетово и Скопје кои случајно наишле во гаснењето на пожарот учествувале и две екипи од професионалните противпожарни единици од Тетово и Скопје кои во 20 часот и 50 минути минути успеале целосно да го ликвидираат пожарот.

Од огнот биле зафатени сите делови од автобусот по што целиот е уништен. Поради опожарениот автобус, сообраќајот на автопатната лента од правец на Тетово кон Скопје, кај менсоста Караплок беше во целосен прекин помалку од едн час.

Екипи на Министерството за внатрешни работи како и на другите надлежни органи извршија вид и работат на утврдување на причините за избувнување на пожарот на скопскиот автобус. Среќна околност е што нема повредени, но е причинета голема материјална штета, а износот се утврдува.



 
     


 
 
05.09.2010 - Отишол да ги напасува овците и не се вратил

05.09.2010 - На ораниците меѓу ниските падини на планината Жеден и река Вардар, во котлината Полог депониран е свеж медицински отпад од засега непознати здравствени ординации

05.09.2010 - Тетовскиот зелен пазар е веќе снабден со се што ви треба за подготвување на традиционалните македонски зимници

05.09.2010 - По укажувањата на Антокорупциската комисија, Тони Ефремоски, член во советот на општина Гостивар од НСДП најверојатно ќе се откаже од советничкото столче

05.09.2010 - Партијата за демократски просперитет- Тетово се огласи со соопштение до медиумите

05.09.2010 - Неделното интервју за Радио Слободна Европа на министерот за надворешни работи, Антонио Милошоски

04.09.2010 - Обилните атмосферски врнежи во раните утрински часови, а повремено и во текот на денот ја прекинаа бербата на градинарските производи во Полошкиот регион

04.09.2010 - Симболот на Гостивар, Саат Кулата е културно историски споменик под заштита и не смее да се реставрира без проект и согласност од надлежните институции, реагираат од гостиварскиот конзерваторски центар

04.09.2010 - Возрасен маж каснат од куче во центарот на Тетово

04.09.2010 - Барања за добивање на нови биометриски пасоши само за трите летни месеци поднеле вкупно 14.521 граѓанин, а ги подгнале 14.438 апликанти

     
   
     

 
Архива на вести
 
година
     
  месец  
   
     
 
       
  Текстовите кои се објавени смеат да се пренесат на други медиуми само со договор или со наведување дека потекнуваат од оваа интернет страница.