10.03.2010 - И годинава ќе продолжат активностите од проектот на Глобал фонд за бесплатно советување и тестирање за ХИВ СИДА, кој во Гостивар го спроведува невладината организација ХЕЛП

Некои работи стануваа секојдневние. Направи ХИВ тест! Со овој слоган продолжуваат активностите од проектот на Глобал фонд за бесплатно советување и тестирање за ХИВ СИДА, кој во Гостивар го спроведува невладината организација ХЕЛП. Месецов предвидени се повеќе информативни работилници, забавно-промотивни настани и дистрибуција на едукативен материјал.

Проектот во Гостивар започна да се спроведува пред девет месеци и до сега беше насочен кон ранливите групи, во најголем случај интравенозни корисници на дрога и сексуални работнички. Беа испитани педесетина лица.

Овој викенд почнува тестирањето на доброволна основа на сите оние кои се сомневаат дека се заразени од ХИВ СИДА. Испитувањата се вршат на терен, во специјално опремено возило каде заинтересираните ќе добиваат и совети од стручни лица.

Од ХЕЛП гарантираат доверливост и дискретност на сите што ќе се обратат кај нив.

Љупка Антеска


 
     


 
 
05.09.2010 - Отишол да ги напасува овците и не се вратил

05.09.2010 - На ораниците меѓу ниските падини на планината Жеден и река Вардар, во котлината Полог депониран е свеж медицински отпад од засега непознати здравствени ординации

05.09.2010 - Тетовскиот зелен пазар е веќе снабден со се што ви треба за подготвување на традиционалните македонски зимници

05.09.2010 - По укажувањата на Антокорупциската комисија, Тони Ефремоски, член во советот на општина Гостивар од НСДП најверојатно ќе се откаже од советничкото столче

05.09.2010 - Партијата за демократски просперитет- Тетово се огласи со соопштение до медиумите

05.09.2010 - Неделното интервју за Радио Слободна Европа на министерот за надворешни работи, Антонио Милошоски

04.09.2010 - Обилните атмосферски врнежи во раните утрински часови, а повремено и во текот на денот ја прекинаа бербата на градинарските производи во Полошкиот регион

04.09.2010 - Симболот на Гостивар, Саат Кулата е културно историски споменик под заштита и не смее да се реставрира без проект и согласност од надлежните институции, реагираат од гостиварскиот конзерваторски центар

04.09.2010 - Возрасен маж каснат од куче во центарот на Тетово

04.09.2010 - Барања за добивање на нови биометриски пасоши само за трите летни месеци поднеле вкупно 14.521 граѓанин, а ги подгнале 14.438 апликанти

     
   
     

 
Архива на вести
 
година
     
  месец  
   
     
 
       
  Текстовите кои се објавени смеат да се пренесат на други медиуми само со договор или со наведување дека потекнуваат од оваа интернет страница.