10.03.2010 - Тепачка на гостиварскиот пазар

Крвава тепачка на гостиварскиот пазар. Двајца продавачи, соседи по тезга се истепале заради простор за изложување на стоката. Едниот од пазарџите завршил во болница, со рани од нож по телото.

Според информациите од полицијата, инцидентот се случил вчера, на пазарен ден во Гостивар, околу 8 часот наутро, пред отварањето на пазарот.

40 годишниот М.Д. од Тетово кој на пазарот обично продавал верска литература и сувенири, истоварал производи пред една тезга. Продавач од гостиварското село Топлица му пришоил и набрзо почнале да се расправаат околу тоа кој каде да продава. Во расправијата со навреди и пцости си размениле и тупаници. Останатите тезгаџии успеале да ги разделат, но по 20-тина минути пазарџијата од Топлица се вратил со нож во раце и го нападнал соперникот. Успеал да го расече во левата стана на телото.

За среќа, ударите од ножот не биле длабоки и не предизвикале серизони последици. На повредениот продавач му била укажана лекарска помош во гостиварската болница по што бил пуштен дома.

Од полицијата информираа дека напаѓачот Ш.Ќ. бил приведен во Полициската станица во Гостивар и задржан на разговор. По целосно расветлување на поединостите против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Љупка Антеска



 
     


 
 
05.09.2010 - Отишол да ги напасува овците и не се вратил

05.09.2010 - На ораниците меѓу ниските падини на планината Жеден и река Вардар, во котлината Полог депониран е свеж медицински отпад од засега непознати здравствени ординации

05.09.2010 - Тетовскиот зелен пазар е веќе снабден со се што ви треба за подготвување на традиционалните македонски зимници

05.09.2010 - По укажувањата на Антокорупциската комисија, Тони Ефремоски, член во советот на општина Гостивар од НСДП најверојатно ќе се откаже од советничкото столче

05.09.2010 - Партијата за демократски просперитет- Тетово се огласи со соопштение до медиумите

05.09.2010 - Неделното интервју за Радио Слободна Европа на министерот за надворешни работи, Антонио Милошоски

04.09.2010 - Обилните атмосферски врнежи во раните утрински часови, а повремено и во текот на денот ја прекинаа бербата на градинарските производи во Полошкиот регион

04.09.2010 - Симболот на Гостивар, Саат Кулата е културно историски споменик под заштита и не смее да се реставрира без проект и согласност од надлежните институции, реагираат од гостиварскиот конзерваторски центар

04.09.2010 - Возрасен маж каснат од куче во центарот на Тетово

04.09.2010 - Барања за добивање на нови биометриски пасоши само за трите летни месеци поднеле вкупно 14.521 граѓанин, а ги подгнале 14.438 апликанти

     
   
     

 
Архива на вести
 
година
     
  месец  
   
     
 
       
  Текстовите кои се објавени смеат да се пренесат на други медиуми само со договор или со наведување дека потекнуваат од оваа интернет страница.