Телевизија Кисс започна да емитува програма во 1994 година и во тоа време беше една од првите приватни телевизиски куќи во Македонија. Нашиот телевизиски сигнал ја покрива полошката котлина и планинскиот регион и опфаќа два града, Тетово и Гостивар и стотина села, односно, околу 300 до 350 илјади потенциални гледачи. Програмата тече 24 часа, а емитуваме програма од наше производство како и лиценцни содржини.
Од информативната програма, секој ден, во 17.00 и 22.00 часот ја емитуваме централната информативна емисија Регионални вести, преку која до гледачите ги пренесуваме информациите од сите настани во регионот. Два пати дневно емитуваме Блиц вести. На вестите работи екипа млади дипломирани новинари кои ги прифатија предизвиците на модерниот стил на известување.
Ажурноста во информирањето, сеопфатноста и добриот баланс, ни обезбеди големо влијание во јавноста во нашиов регион и подалеку.
Развивајќи се низ овие 13 години, Телевизија Кисс преку сопствена програма ги опфати сите аспекти од секојдневниот живот и одговори на интересите на публиката. На програмата редовно имаме спортска емисија, емисија за деца како и младнска програма. Многу успешно функционира и редакцијата за документарна програма, па во минативе години имаме создадено преку 100 документарни филмови, од кои дел се резултат на соработка со Советот за радиодифузија и соработка со ОБСЕ, ИОМ, УСАИД и други организации.
Се испробавме и во играната програма, па во нашето портфолио имаме еден игран и еден сериски филм.
Во Полошкиот регион но и пошироко, познати сме по то што нашите камери секогаш се на места на кои нешто се случува, а е интересно за телевизиската публика, која случувањата секогаш има прилика да ги види низ нашите репортажи.
На програмата секојдневно имаме разновидна откупена програма, главно од странско производство: филмови, серии, документарни и забавни емисии.
Тв Кисс е основач и член на Тв мрежата "Мрежа +", член е на АППЕМ и на Македонскиот институт за медиуми, соработува со Организацијата на медиуми од Југоисточна Европа и со други организации.
Тв Кисс е Трговско друштво кое во целост е во приватна сопственост, се издржува исклучиво од вршење на рекламни услуги. Главнина од приходите се од реклами, следат соопштенија и огласи, а повремено емитуваме и емисии под покровителство.
Во Куќата има 30 вработени, повеќето во редовен работен однос а другите се соработници кои работат на посебни проекти.
Радио Кисс е постарата сестра на Телевизија Кисс и е формирано во 1993 година. Радиото емитува 24 -часовна програма, главно музика и рекламни спотови и соопштенија, но, има место и за информативна и друга програма. Радио Кисс, со повремени прекини, се емитува на интернет повеќе од 10 години. Исто како и телевизијата, и Радио Кисс е во целост во приватна сопственост и се издржува преку својата понуда на медиумскиот пазар.

 
     
 


 
 
05.09.2010 - Отишол да ги напасува овците и не се вратил

05.09.2010 - На ораниците меѓу ниските падини на планината Жеден и река Вардар, во котлината Полог депониран е свеж медицински отпад од засега непознати здравствени ординации

05.09.2010 - Тетовскиот зелен пазар е веќе снабден со се што ви треба за подготвување на традиционалните македонски зимници

05.09.2010 - По укажувањата на Антокорупциската комисија, Тони Ефремоски, член во советот на општина Гостивар од НСДП најверојатно ќе се откаже од советничкото столче

05.09.2010 - Партијата за демократски просперитет- Тетово се огласи со соопштение до медиумите

05.09.2010 - Неделното интервју за Радио Слободна Европа на министерот за надворешни работи, Антонио Милошоски

04.09.2010 - Обилните атмосферски врнежи во раните утрински часови, а повремено и во текот на денот ја прекинаа бербата на градинарските производи во Полошкиот регион

04.09.2010 - Симболот на Гостивар, Саат Кулата е културно историски споменик под заштита и не смее да се реставрира без проект и согласност од надлежните институции, реагираат од гостиварскиот конзерваторски центар

04.09.2010 - Возрасен маж каснат од куче во центарот на Тетово

04.09.2010 - Барања за добивање на нови биометриски пасоши само за трите летни месеци поднеле вкупно 14.521 граѓанин, а ги подгнале 14.438 апликанти

     
   
     

 
Архива на вести
 
година
     
  месец  
   
     
 
       
  Текстовите кои се објавени смеат да се пренесат на други медиуми само со договор или со наведување дека потекнуваат од оваа интернет страница.